Нова песна на пејачката на “Врати ми го сонцето”
Александра Јанева има нова песна со видеозапис. Песната се вика “Солза за крај”, зад која како автор на музиката, текстот и на аранжманот се јавува Ѓорги Крстевски, а е снимена во “КМ ентертејмент”.
Александра Јанева со мега хитот “Врати ми го сонцето” во 2013 година победи на фестивалот “Макфест. Минатата година повторно настапи на “Макфест” со “За сто години” и повторно победи. Младата Струмичанка сосема ненападно се појави на македонската музичка сцена и покажа дека само со квалитетна музика може да се допре до срцето на слушателот.
Во продолжение погледнете го спотот за новата поп рок балада :
Дани | ТВ Пакет