Почетна / Живот / Викторија Дејвис останува да го води Дискавери за Македонија

Викторија Дејвис останува да го води Дискавери за Македонија

 

Викторија Дејвис – задолжена за централна и источна Европа

 

Како што веќе објавивме, Дискавери комуникејшнс ја трансформира својата структура на регионалните бизниси низ Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА), за да ja консолидира својата позиција како глобален лидер на забавната програма за сите видови екрани и услуги, и да креира средина која ќе го оптимизира бизнисот додека се насочува кон нови полиња на раст.

 

 

 Дискавери направи големи инвестиции во ЕМЕА регионот во последните години, од аквизицијата на Еуроспорт и добивање на ексклузивни права за пренос, вклучувајќи ги и Олимписките игри од 2018-2024, до директни дигитални производи како Dplay, кој има попиуларни забавни и спортски содржини за Италија, Норвешка, Шведка и Данска, преку партенрството со ProSiebenSat1 во Германија за стриминг сервисот кој ги нуди најдобрите содржини од двете компании. Дискавери исто направи прогрес во растот на сопствениот спортски стриминг сервис низ Европа со EurosportPlayer.

 

 

Поради нејзиниото одлично лидерство на пазарот, Викторија Дејвис останува да ја води централна и источна Европа (Македонија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Србија, Бугарија и Романија), а под нејзино водство ќе бидат и Турција, североисточна Европа и Медитеранот, со што ќе се формира посилен пазарен кластер.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!