Почетна / Живот / Може ли филмска ѕвезда за 12 месеци да стане професионален борец?

Може ли филмска ѕвезда за 12 месеци да стане професионален борец?

 

Од 15 април, Идриз Елба ќе стапне на рингот

 

Идриз Елба, познатиот актер и добитник на Златниот глобус, е познат на публиката по бројните улоги во филмовите и сериите (Luther, Avengers, Pacific Rim…). Меѓутоа, ниту една негова улога досега не може да се мери со предизвикот во кој се впушта заедно со Дискавери каналот. Често во филмовите глуми силен тип, а сега ќе дознаеме дали навистина е еден од нив.

 

 

Во новиот серијал „Идриз Елба: Борец“, кој од 15 април се прикажува на Дискавери во 21 часот, Елба ќе се соочи со најпредизвикувачкото психичко и физичко искуство во кариерата- обука да стане професионален кикбоксер кој во финалето ќе се натпреварува против искусен борец, еден на еден.

Идриз пред себе си поставува голем предизвик, преку тренинг и подготовки во траење од 12 месеци  мора да се подготви за професионална кикбокс борба.

 

 

„Отсекогаш сакав професионално да се борам, да влезам во ринг и да се ставам на тест.“- изјави познатиот актер. Во младоста тренирал кикбокс, но никогаш не се борел.

Ова не е глума. Нема сценарио. Оваа борба е вистинска, како што се вистински и евентуалните последици.

Крв, пот и солзите пролиени низ интензивните тренинзи, му откриваат на актерот што сѐ е потребно да стане професионален борец. Идриз оди до крајни граници за да ги совлада болката, стравот, да ги совлада специјалните техники и вештини и да го спреми своето тело и ум за борба, бидејќи рингот е место каде неговото име и слава баш не значи ништо.

 

 

Сепак имаше привилегија во текот на подготовките, односно имаше можност да учи од најдобрите. Така со екипата патува во Јапонија и учи од Окинава карате мајсторот Шинџо Сен сеј. Ја посетува Куба за да работи на движењето и силата во горниот дел на телото со бокс тренерот Нард Мастре Флорес, а во Тајланд тренира со таи кикбокс легендата Буакав Банџамек.

Целата мисија му започнува во Лондон во 2015 кога Идриз го собира својот тим за борба, Ворен Браун, најдобриот пријател на Идриз, колега актер и двократен светски првак во тајландски кикбокс и тренерот Киран Кедл под чиј режим 10 борачи имаат стигнато до светска титула, го држат главниот збор.

 

 

„Кога им соопштив на луѓето во што се впуштам, сите реагираа со зошто го правам ова? Ти си актер, ќе ти се накази лицето…? Верувам дека секој е способен за многу работи. Ја ставам глумата на страна и ќе го скршам носот за оваа борба. Ќе нападнам. Се работи за срцето. Морам кон ова да пристапам како професионален борач. Инаку ова би било само хоби“, додаде Идриз.

Серијалот „Идриз Елба: Борец“ се прикажува од 15 април во 21 часот на Дискавери каналот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!