Почетна / Телевизија / Томашевиќ за нашата Драгана : Ова е Шпанија на македонски начин!

Томашевиќ за нашата Драгана : Ова е Шпанија на македонски начин!

 

Видео | Со песна од Тоше, малата Кумановка на чекор до финале

 

 

Малечката ѕвездичка Драгана Јовановска од Куманово е првата Македонка која го помина седмиот круг од српското талент шоу “Пинк Ѕвездички”. Во најновата емисија, емитувана вчеравечер во земјите низ регионот, Драгана ја отпеа легендарната “Во коси да ти спијам” од Тоше Проески, но во преработениот аранжман и верзија од симпатичниот женски кватет “Фрајле”. Нашата ѕвездичка настапи на сцена во придружба на девојките од две денс студија и освен со пеењето, изненади и со играњето.

 

 

Преубаво како млеко, со шмек и боја на Македонија, одлично отпеано. Од емисија во емисија нѝ ја покажуваш својата ширина во пеење, постојано напредуваш и сите ја чувствуваат вибрацијата со која нѐ правиш среќни – искоментира Сале Тропико, на што се надоврза Сергеј Четковиќ кој единствено бараше да има и тапани во аранжманот на верзијата за Драгана да би се снашла уште подобро.

 

 

По шоу препирката која ја имаа Гоца и Сергеј, Гоца успеа да дојде до збор и да ѝ даде совети на Драгана да внимава на ритмичноста и концентрацијата.

Ја одбра црвената боја во твојот стјалинг. Тоа е боја на радоста, љубовта, среќата и безгрижноста, Шпанија на македонски начин. Продолжи само така, биди ваква и расположувај нѐ како што го направи тоа и сега – искоментира Јелена Томашевиќ за настапот на нашата Драгана.

 

 

Во продолжение погледнете ја нејзината изведба и бодрете ги нашите македонски деца до самото финале.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!