Алфа со нова реприза на македонската серија “Комшиски приказни”
Хумористичната домашна серија “Комшиски приказни”, правена по инспирација од Македонските народни приказни, повторно на Алфа, репризно. Секој работен ден, по попладневниот “Бекстејџ”, околу 16.50 часот ќе се емитуваат Комшиските приказни.
Телевизиската серија „Комшиски приказни“, како што велеше Алфа, го потврдува живиот дух на македонските традиционални приказни. “Тие биле исечоци од животот, од богатиот живот на народот на овие простори и со своите универзални пораки, еве, опстанале и до ден денеска. Веќе подолго време македонските народни приказни се креативно и поттикнувачко јадро и за современата телевизиска продукција.”
Режијата на оваа Алфа продукција е дело на Драган Вељановски, а сценариото на драматургот Стево Симски и Драган Вељановски. Актерската екипа ја сочинуваа Благица Ристов, Никола Колев – Зезо, Винета Димчевска, Магдалена Ризова – Черних, Ердоган Максут, Диме Коцевски и др.
Дани | ТВ Пакет