Згодна и едноставна – Каролина со нови фотосесии
За Велика Британија беше Кејт Мос, за Хрватска беше Јелена Розга, а за Македонија е Каролина Гочева таа што го промовира брендот “Лиу Џо” за новата летна кампања. Заедно со групацијата Магнетик, Каролина направи урбана фотосесија во градското подрачје на Скопје, близу МОБ.
Она што ги изненади нејзините фанови и следачи е стилот кој го промовира на фотографиите. Едноставен џинс или дрес стил е тоа што изненади затоа што Каролина секогаш ја гледаме во ултра модерни, шик и светски комбинации. Но со оваа фотосесија покажа дека од едноставноста нема поубаво.
Во рамките на кампањата, која е во подготовка и која ќе се одвива во текот на годинава, преку неколку тематски видеа и фото-сесии ќе се прикажува една приказна за жената, за љубовта, за животот и секојдневието.
По успешно промовираниот мега проект “Извор” во многу градови ширум земјата, Каролина продолжува со фотосесии за познати италијански брендови, а денови одмара и малку на море.
Оваа година е уште од најдобрите години за мега ѕвездата, затоа што со новиот албум покажа зошто е омилена кај македонската публика. Комерцијалноста на некомерцијалниот “Извор” најавува надминување на успехот на популарните проекти од “Македонско девојче”.
Дани | ТВ Пакет