Во моментов ја следиме во две турски серии
Берен Саат е една од најпознатите турски актерки, која македонската публика ја запозна во една од најгледаните турски серии “Судбината на Фатмаѓул”. Потоа имавме можност да ја следиме и во “Притаени страсти” и “Тешки времиња”, а во моментов ја гледаме во две серии и тоа “Љубов на сила” (ТВ 21) и “Одмазда” (AXN Spin).
Младата актерка е мажена за турскиот пејач Кенан Доулу, кој за новогодишната ноќ ќе има концерт во ресторан во реонот на Шишли. Па затоа, неговата поубава половина, сопругата Берен ќе ја дочека Новата година во друштво на нејзината мајка Аила и бабата Хабибе во нивниот дом.
Инаку Берен и сопругот на 1 јануари 2018-та година ќе слават 6 години од нивното запознавање.
Дани | ТВ Пакет