Секоја недела по “Судбини од животот”
“Seconds from disaster” е телевизиски документарен серијал, емитуван на National Geographic од 2004 до 2007 година. Се работи за серијал кој ги истражува човечките трагедии и природните катастрофи кои влијаеле на промени во светот. Секоја епизода ни претставува по една катастрофа, анализирајќи ги притоа сите причини и околности кои довеле до големата несреќа.
Катастрофите не се случуваат туку така, тие се ланец на критички предслучаи. Историски настани, изјави, сведочења и симулација на ситуации, хронолошки подредени, секунда по секунда до катастрофата ќе бидат прикажани во секоја емисија на различна катастрофа. “Секунди до катастрофата” е снимена во 67 продолженија од страна на Darlow Smithson Productions.
Во првата емисија која ќе ја гледаме оваа недела во 22 часот на Сител, ќе ја видиме сторијата за рушењето на Конкорд. Авионот го напушта аеродромот во Франција и потоа ќе експлодира, притоа удирајќи во хотел во Париз. Умираат многу патници и членови на екипажот, но документарната емисија ќе ни прикаже ретроспектива на сите настани кои претходеле до големата катастрофа.
Дани | ТВ Пакет