Почетна / Телевизија / Култната серија „Династија“ од понеделник на ХРТ 1

Култната серија „Династија“ од понеделник на ХРТ 1

 

Популарната Династија на кабловската ХТВ 1

 

Постарите сигурно се сеќаваат на легендарната сапуница “Династија”, првата серија која направила вистински бум во светот, особено во балканските земји кои до осумдесетите години немале видено друга сапуница. “Династија” е првата која на тогашната Македонска телевизија се има емитувано во осумдесетите години. Во деведесетите години, нејзината слава ја превзема Касандра, која носи нов тренд на серии во овој регион, а веќе по петнаесетина година, се појавува и турската Шехерезад, чие влијание е присутно сеуште на денешниот телевизиски етер и чии следбеници уште долго ќе бидат дел од секојдневнието на македонските гледачи.

 

 

Но да се вратиме на Династија, онаа првата, која жарела и палела пред Касандра и Шехерезад. Се работи за светски позната серија која го прати животот на семејството Карингтон, моќно и богато семејство кое има нафтена компанија и живее во Денвер, Колорадо. Тоа е семејство кое живее на огромен имот, има приватни авиони, возачи, послуга, нафтена компанија, ергела коњи, а за најголемите богаташи како нив се својствени и најлуксузни свадби и прослави.

Главата на семејството и нафтениот бизнис е Блејк Карингтон, кој во првата епизода се жени по втор пат, и тоа со секретарката Кристл. Доаѓањето на Кристл на големиот имот го означува почетокот на една голема бура во животите на Карингтонови. Таа не е добредојдена од никого во новата куќа и наидува на презир и отфрлање. Фелон, ќерката на Блејк од првиот брак, ја мрази новата маќеа и само му задева проблеми на својот татко. Таа има врска со возачот на семејството, а флертува и со Сесил Колби, најголемиот ривал на татко и Блејк. Мирот се разнишува и кога Блејк дознава дека неговиот наследник, синот Стивен е хомосексуалец, а приказната станува највжештена и најинтересна за гледачите кога се појавува Алексис, првата жена на Блејк и мајка на неговите деца.

 

 

И покрај проблемите во бракот, Кристл овој пат наидува на уште поголема пречка во нејзината љубов кон Блејк, Алексис Морел, која ни по многуте години не може да се помири со фактот дека Блејк ја оставил, и е решена да му се одмазди удирајки го во она што најмногу го боли – моќта која тој ја има. Гледачите сигурно се сеќаваат на кавгите меѓу Кристл и Алексис, како и сплетките кои до самиот крај ќе го пратат семејството Карингтон.

Приликата повторно да ја следат серијата, Хрватска им го овозможува на своите гледчаи и тоа од понеделник, 22 јуни. Секој работен во 18:10 часот, гледачите на ХРТ 1 ќе може повторно или за прв пат да ја следат приказната за Династијата Карингтон.

 

 

И додека ХРТ емитува светски познати серии, како Dynasty, Game of thrones, House of cards, Downtown Abbey, Homeland, Lado o lado, како и ред други скандинавски, европски и американски серии, МТВ за тоа време не дава ниедна премиерна серија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!