Памела Дуперл ги отвори портите на својот бутик на Леблон точно во девет часот наутро, како и секое утро изминатите петнаесет години. Водеше продавница која што беше естаблирана во друштвото кое ја опркужуваше. Беше навистина жешко утро, а се прашуваше каков ли ќе биде остатокот од денот. Веднаш по неа во бутикот влезе една нејзина клиентка, постара дама, вдовица која најчесто пазареше носејки ги со себе своите две пудли. Ја извади црвената шапка која ја штитеше од сонцето и без здив рече;
– Погоди што, Памела. На сета оваа жештина, Жоел Переира се враќа во Рио!
Памела никогаш не сакаше кога другите ја нарекуваа по име. Сметаше дека истото е достојно за презир. Никогаш не можеше да разбере како нејзините родители ја крстиле така. Затоа сакаше другите да ја нарекуваат госпоѓа Дуперл.
Вестта дека Жоел Переира се враќа во градот и предизвика немир. Името на човекот кој целиот град го познаваше, не по добро, беше име кое Памела го презираше дури и повеќе од своето.
– Кафе, госпоѓо Сабатини?, – и понуди Памела, не криејки дека сака да ја промени темата. – Сношти пристигнаа каталозите за фустаните кои треба да ги добиеме, има еден црвен кој верувам дека многу ќе ви се допадне.
– Зошто сте таква, Памела? Не дојдов овде да зборуваме за твоите фустани. Зарем не ме слушнавте? Жоел Переира се враќа.
Како да не беше доволно што веќе го кажа тоа, цинично помисли Памела.
Жоел Переира беше име кое беше изумнрено во Леблон веќе пет години, откако се затвори случајот “аферата Албукерке“, една од најпрестижните фамилии во Леблон.
Фамилијата со децении ја поседуваа најголемата вила во регионот а со текот на годините ги стекнаа и едни од најзначајните поседи како танкер за прекуокеански превоз на нафта, ланец хотели на ривиерата во Баиа, виногради, дури станаа и акционери на банката во Леблон.
Моќната фамилија беше водена од митски човек кој ретко можеше да се види на улица; Нелсон Албукерке. Неговиот стар модел на ролс ројс со затемнети стакла често минуваше покрај бутикот на Памела. Колку и да имаше минато време и напредна технологија, толку помалку Нелсон сакаше да го остави своето возило.
Онаа со која Памела имаше почести средби беше Софија Албукерке, втората сопруга на магнатот. Софија беше жена која секогаш ги правеше најголемите сметки во бутикот, жена со префинент вкус и остар ум.
Градот сеуште ја помнеше првата госпоѓа Албукерке, која имаше име исто како и нејзиното, Памела.
Но, Памела Дупрел никогаш ја немаше сретнато првата госпоѓа Албукерке, бидејки се говореше дека пред многу години го напуштила својот сорпуг оставајки му го синот Мауро. Памела Албукерке никогаш повеќе не беше видена во Леблон.
Патријархот на фамилијата Албукерке, немаше поголема среќа ниту со втората сопруга која следејки ги чекорите на првата исто така го имаше оставено. Озборувачките кои често беа дел од бутикот говореа дека Софија заминала да живее во Сад, а други велеа дека е во Аргентина.
Сега Нелсон Албукерке беше самохран татко на четири возрасни деца.
– Помниш ли што се случи оној ден на карневалот, Памела?
Памела погледна во својата клиентка. Госпоѓа Сабатини исто така добро помнеше како и Памела, но сакаше да најде начин да го помине здодевното утро отворајки стари теми на рагзовор.
Беше ден ден кој никогаш никој од Леблон не го заборави. Беше карневалска ноќ, една од оние ноќи за кои кариоките живееа во текот на целата година.
Тие денови, пред неполни пет години, најпосакуваниот ерген во Рио, Кристијано Албукерке, син на Нелсон ги полнеше штампите со своите спортски дотигнувања и нови освојувања. Девојките на Леблон и пошироко сонуваа да бидат забележани од атрактвиното момче кое освојуваше со своите сини очи.
– Денот на карневалот, се одржа голем поло натпревар каде што тимот воден од Кристијано Абулкерке ја освои првата награда, – се сеќаваше Памела. – Папараците, новинарите, камерите и штампата го осипуваа младиот Кристијано а тој несвесно го даде своето последно интервју. Следниот ден, Леблон слушна дека ноќта на карневалот, Кристијано Албукерке бил убиен.Родената сестра на Кристијано, Каролина Албукерке го пронашла телото на својот брат во библиотеката во вилата, а покрај телото стоел нејзиниот вереник, Жоел Переира со револвер во рацете.
– Света Марија, – крикна госпоѓа Сабатини како никогаш претходно да ја немала слушната приказната за свирепото убиство на младиот Албукерке.
Скоро потоа, Жоел Переира беше осуден на долги години затвор и никој од тогаш немаше слушнато за него, се до денес.
Винипег, Канада
На другата половина на земјината топка, далеку од врелите песочни плажи на Ипанема, онаму каде што зимата завршуваше, а стопените снегови предизвикуваа надојдени реки, онаму каде што наместо бикини и апостолки се носеа плетени шапки и чевли со крзно, живееше и студираше Една Албукерке, ќерката на Нелсон. Беше студено утро кога заедно со својата блиска пријателка и колешка од факултет ја напуштија универзитетската зграда, кога Една и ја сподели својата тајна на пријателката Луси.
– Мислам дека сум бремена, – рече тивко, додека ги ставаше плетените ракавици во беж боја на своите раце.
– Како мислиш дека си бремена?
– Ми доцни…Направив и тест.
– Сигурна си дека не е лажна тревога, Една?
– Секако дека сум сигурна.
– Берто знае?
Една заврте со главата. Тоа беше она што и задаваше најголема главобокла. Нејзиното момче со кое веќе две години делеше стан и соживот не знаеше за нејзината состојба.
– Мораш да му кажеш, Една. Освен ако не сакаш да бидеш самохран родител.
– Проблемот е што не сум сигурна дали Берто ќе сака да имаме дете. На завршна година е, сака да се врати во Бразил и да работи во фирмата на својот дедо, не знам како дете ќе се вклопи во неговите планови.,
– Да одиме во кафетеријата, да се затоплиме, – предолжи Луси.
Големите храстови ја штитеа вилата на фамилијата Албукерке од врелото сонце. Мауро излезе од својот автомобил и му нареди на шоферот да го паркира во гаражата бидејки немаше намера да излегува до крајот на денот.
Пространите простории во вилата беа свечено подготвувани за утрешната забава. Неговата помлада сестра Каролина ја славеше свршувачката со својот избраник Педро Фалко. Беше факт дека во вилата немало голема забава веќе со години. Поточно по смртта на Кристијано, ниту една поголема прослава не беше одржана во куќата. Но она што го беше вознемирил Мауро тоа утро беше фактот дека токму утре на денот на вердибата на неговата сестра, Жоел Переира ќе биде пуштен од затвор.
Мауро со брзи чекори се упати кон работната соба на својот татко, ги отвори тешките храстови врати и без здив изговори;
– Се враќа Жоел Переира, татко.
– Убав подарок за твојата сестра, за сите нас…- грчевито изјави Нелсон. – И како може да излезе толку рано од затвор тој човек? Беше осуден на десет години затвор, а нема ниту пет поминато.
Мауро немаше одговор да му даде на својот татко. Утрото кога дозна дека Жоел Переира ќе биде пуштен од затвор се јави кај истражниот судија кој немаше прецизен одговор зошто убиецот на неговиот брат ќе биде пуштен на слобода.
Нелсон Албукерке не изговори ниту збор повеќе што беше нетипично за патријархот на кланот.
– Мауро, многу е важно твојата сестра Каролина да не дознае ништо. Не сакам најсреќниот ден во нејзиниот живот да се претвори во фијаско. Ако еден ден Переира се врати, – го намали гласот но звучеше како да се заканува;- Ако еден ден повторно ја побара Каролина…Изгубив еден син поради тоа копиле, но за ништо на светот нема да загубам и ќерка.
СЛЕДНАТА ЕПИЗОДА
Излегувањето на Жоел од затвор. Првите закани за да не се врати во Леблон. Забава по повод свршувачка. Сантана сака да ја одмазди смртта на Кристијано.