Лусија де ла Вега е мажена за Игнасио Соријано, но нивниот брак функционира само на хартија веќе со години.
Игнасио е бесчуствителен и крут човек кој гледа на својата жена како декор во големата вила. Во момент на бес и расправа и признава на Лусија дека ја зел за жена само да си ја зацврсти социјалната положба и да си обезбеди иднина како претседател во клиниката Нуева Вида.
Лусија де ла Вега е мажена за Игнасио Соријано, но нивниот брак функционира само на хартија веќе со години.
Игнасио е бесчуствителен и крут човек кој гледа на својата жена како декор во големата вила. Во момент на бес и расправа и признава на Лусија дека ја зел за жена само да си ја зацврсти социјалната положба и да си обезбеди иднина како претседател во клиниката Нуева Вида.
Очајна и низ солзи, Лусија и се доверува на својата нана Чоле, старата домарка која ја познава со години дека Игнасио ја зел само заради парите и престижот. По прашањето на Чоле зошто не се разведе од крутиот и умислен господин Соријано, Лусија одговара дека не може да им го направи тоа на трите деца кои и значат живот.
Игнасио во бес, по расправијата со својата сопруга го удира својот среден син Диего, нарекувајки го погрдно и го споредува со неговата мајка Лусија. Од друга страна пак, му префрла дека неговата постара сестра Анхелес е се што тој нема никогаш да биде.
Соледад или Чоле како што сите ја познаваат во вилата, е чесна и вредна постара жена кја со години работи за фамилијата. Чоле прво работела за фамилијата де ла Вега, но откако Лусија се омажила прешла во мансионот на Соријанови за да ги чува трите деца на своето “девојче“.
Од друга страна пак, Чоле крие голема семејна тајна, но како верен пес, свесна е дека истата таа тајна ќе ја носи со себе до смртта.
Лусија нема сила да го окончи бракот со Игнасио
поради љубовта кон своите деца.
Лусија не само што нема разбирање со својот сопруг, туку мора да се соочува и со презиорт на помладата сестра Тринидад. Во една жолчна расправија Тринидад и признава на Лусија дека му била љубовница на Игнасио и не крие дека е вљубена во него. На ваквите зборови Лусија индиферентно, но со длабока болка во срцето и признава дека зне, ставајки крај на дискусијата. Тринидад останува со подотворена уста.
Тринидад добива телефонски повик од својот адвокат кој ја известува дека нејзиниот брак со Алфредо Кесада е завршен.
Алфредо споделува со својот близок пријател и адвокат дека бракот со Трини никогаш не требал ни да се случи. Дека таа е манипулативна и каприциозна жена со која не знаел да се носи. Со тешко срце му признава дека никоагш не го сакала. Дека секогаш била вљубена во својот зет.
Вечерта во мансионот на фамилијата Соријано се слави дваесетиот роденден на Анхелес. На забавата се појавува и Алфредо, откако Лусија го поканила. Лусија и Алфредо отсекогаш имале коректен и пријателски однос.
Тринидад, помладата сестра на Лусија, отсекогаш
ја презирала својата сестра и и завидувала за се што има.
Несвесно, Алфредо ја затекнува Тринидад како во бањата се љуби со својот зет Игнасио.
Со болка во срцето им приоѓа и ги прашува како можат да и го прават тоа на Лусија. Двајцата подло ќе му се насмеат.
Лусија договара со фотографот да направат семејна фотографија. Го потсетува Игнасио дека се немаат сликано заедно пет години, од петнаесетиот роденден на Анхелес. Игнасио индиференто и одговара да се насмевне, бидејки таа за тоа и само служи за украс и декор на фотографија.
Лусија не може да ги сопре солзите кои ги влажнат нејзините сини очи. Не може а да не се запраша зошто сеуште е во брак со таков чоек?!
По големата забава, Лусија му приоѓа на Игнасио во полузатемнетата просторија, каде што по длабоко земен воздух проговорува:
– Решив да се разведам од тебе!
ПРОДОЛЖУВА
Бергер | ТВ Пакет