Почетна / Забава / Сè е подготвено за концертот на Мирослав Илиќ – 45 години јубилеј

Сè е подготвено за концертот на Мирослав Илиќ – 45 години јубилеј

 

Сабота, 21 часот, Метрополис Арена, Скопје

 

Се е подготвено за саботниот концерт на Мирослав Илиќ, закажан во Метрополис Арената во Скопје. Стартот на концертот е во 21:00, а како и што веќе беше најавено прв на сцената ќе застане Ефто Пупиноски. Веднаш по него микрофонот ќе го преземе Мирослав Илиќ, човекот, кој токму од Скопје ќе ја стартува славеничката турнеја 45 години јубилеј – 45 години музичка кариера!

 

 

“Ако ви се игра – играјте; ако ви се пее – пејте; Добредојдовте и живели”, вели Мирослав во поканата за дружба со македонската публика, односно славеничкиот концерт кој заради поводот – 45 години јубилеј, ќе биде со поразлична концепција и само со места за седење, односно Метрополис Арената ќе биде претворена во една голема кафеана. Предвидено е концертот или, како што вели Мирослав, најголемата боемска забава да трае неколку часа, со оглед на тоа дека Илиќ освен музичката поддршка од Ефто има подготвено уште неколку изненадувања. “Божанствено жено”, “Лажу да време лечи све”, “Волео сам девојку из града”, “Поздрави је, поздрави”, “Један дан живота”, “Зовеш ме на вино”, “Теби”, “Поломиќу чаше од кристала”… се само дел од темите кои ќе се најдат на саботниот репертоар на Илиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!