Драмите за викенд, љубовните серии секој работен ден
Поради започнувањето на новата летна романса “Сезона на црешите”, Сител телевизија прави измена во програмската шема. Од сега драмата “Се викав Мелек” ќе се емитува само во сабота по “Јазол”, a пак на нејзино место, од понеделник до петок во 19 часот и 50 минути ќе се емитуватаат Црешите.
Во следните неколку саботни вечери ќе го следите епилогот на драмата за несреќното детство на малечката Мелек. Ќе има ли трошка надеж за среќа за Мелек? Ќе има ли време за насмевка на лицето на Мелек? Како ќе заврши приказната за Мелек, нејзината неодговорна мајка и злобниот очув? Сабота навечер, “Се викав Мелек” на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет