Секоја вечер филм на Алфа телевизија
Наместо репризи на српските емисии кои во континуитет се емитуваат неколку години, телевизија Алфа реши во главниот прајмтајм термин да емитува играни филмови. Филмовите се веќе емитувани пред неколку месеци, но за вистинските филмофили, вреди да се погледнат и повторно.
Во продолжение ве информираме што ќе следите оваа седмица во вечерното кино на Алфа телевизија. Прв на репертоар е филмот за први мај :
Вторник, 1 мај 2018, 20.15 часот – “Офицерски заговор”
“Echelon Conspiracy” е акционен трилер со Мартин Шин и едвард Брнс. Во филмот, Макс е експерт за технологија и кој работи на сигурносни системи за компјутери. Еден ден, тој ќе добие неочекуван подарок – телефон со пораки со кој може да добива во секоја коцкарница. Но сето тоа има своја цена – одеднаш станува мета на ЦИА и службата за обезбедување на казиното. Она што Макс треба да го направи е да открие кој сака да му намести таква завера.
Дани | ТВ Пакет