Секоја вечер во прајмтајм на Алфа, реприза на филмови кои вреди повторно да се погледнат. Во среда на 2 мај на репертоар е акционен трилер со Кевин Бејкон.
Среда, 2 мај 2018, 20.15 часот – “Смртна пресуда”
Татко и сопруг кој има совршен живот сѐ до една пеколна ноќ во неговиот живот..
Кевин Бејкон во оваа акција го гледаме како таткото кој ќе тргне во потрага по правдата, откако неговиот син ќе биде убиен поради еден чуден ритуал. Тој ќе мора да ја заштити фамилијата од оваа чудна банда и да ја одмазди смртта на синот. Институциите на системот ќе потфрлат, па затоа тој по секоја цена ќе ја земе правдата во свои раце.
Дани | ТВ Пакет