Почетна / Спорт / Спортска недела на МТВ 1 : затворање на ЗОИ, навечер МК против Словачка

Спортска недела на МТВ 1 : затворање на ЗОИ, навечер МК против Словачка

 

Недела е ден за спорт – еве што ќе гледате на Прва :

 

Спортска недела за гледачите на Македонската телевизија. Свеченото затворање на Зимските олимписки игри е закажано за 12 часот, а во 14 часот е финалето во хокеј (мажи).

 

 

Норвешка ќе биде најуспешна репрезентација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а скандинавската земја ќе влезе во историјата и според бројот на освоени одличја. Во финишот на олимпијадата, Норвешка стигна до 38 медали (13 златни, 14 сребрени и 11 бронзени), со што е соборен рекордот кој досега беше во сопственост на Соединетите Американски Држави (37 медали), а беше поставен на ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.

 

 

Во 15 часот следува женски ракомет, и тоа натпреварите од 4. коло на нашите Вардарки :

 

 

… а во 17 часот Нант против Вардар на МТВ 1. Нант во своите редови го има нашиот капитен Кире Лазаров, но дали Кире е доволен да се победи македонската гордост?

 

 

Во прајмтајмот, претквалификации за евро баскетот во 2021 година. Словачка загуби од нашата селекција во првиот круг, но затоа е вечерва во Скопје за реванш. Дали ќе им го дозволиме тоа или повторно ќе триумфираме, останува да гледаче вечер и да ги бодриме нашите кошаркари :

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма меѓу добитниците на Златен олимписки оскар од Шабан Трстена

Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!