Почетна / Серии / Австралиска научнофантастична серија на локалните оваа есен

Австралиска научнофантастична серија на локалните оваа есен

 

Научна фантастика во низата драми на телевизија

 

Оваа есен на локалните телевизиски станици ширум земјава ќе се емитува австралиската научнофантастична серија “Фарскејп”. Серијата е финансирана од компаниите на Џим Хенсон, Халмарк Ентертејнмент и СФ Канал, креирана од Рокне С. О’Банон и Брајан Хенсон, а извршен продуцент е Дејвид Кемпер.

 

 

За прв пат емитувана во 1999 година, а завршила со снимање во 2003 година, кога била укината поради високи трошоци. За да не се остават гледачите без завршеток, следната година, 2004та снимено е продолжение, мини серијата “Фарскејп – војната на миротворците”.

 

 

Приказната го следи астронаутот Џон Крајтон, кој благодарение на неговиот експеримент за тестирање на забрзувањето на вселенинските летала, ќе се најде во друга галаксија. На новото место и во новиот простор, тој ќе најде заштита на биомеханичкиот брод Моја, но тука се Миротворците и Скараните, две негативни милитаристички сили кои навестуваат низа авантури, препирки и борба за власт во Гласаксијата.

 

 

Улогите ги толкуваат Ben Browder, Claudia Black, Virginia Hey, Anthony Simcoe, Gigi Edgley, Paul Goddard, Lani Tupu, Wayne Pygram, Jonathan Hardy и др. За точен датум на започнување на оваа научна фантастика во 88 епизоди, дополнително ќе ве информираме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!