“Што е точно? А што е погрешно..? Си го помислил тоа?” – ТВ Бокс на Телма
Од понеделник, 16 октомври во 22 часот на Телма телевизија започнува новата домашна играна серија “Тв Бокс”. Врз база на истиот материјал од театарска претстава, а надоградена, е направена “Тв Бокс”, мини серија во 5 продолженија.
Како што споменавме, серијата е работена според истоимената театарска претстава, која е прв проект на независното здружение за афирмација Луменетика Проект. Серијата е работена во копродукција со 3Д Проџект Студио, во режија на Златко Славенски, a во неа настапуваат: Ангела Стојановска, Ирена Мирческа, Васко Костовски, Христијан Поп Симонов и Владанка Димковска.
Дејствието на серијата се одвива во една телевизиска станица, каде што имаме шанса да видиме како изгледа животот на телевизиските лица пред и зад камерите. Како вработените во телевизијата се справуваат со последиците од нивните одлуки на приватен и професионален план?
Како се одлучува што ќе биде прикажано малите екрани во оваа ера на т.н. пост-вистина? Комбинирајќи ведар пристап и сериозни современи теми, ТВ Бокс ги опфаќа проблемите со кои се соочува современиот човек: од политиката до сексот, од готвењето до депресијата, од љубовните врски до корупцијата.
Актерската екипа ќе каже дека TВ Бокс е слика за тоа како се претставува вистината денес, еден прекрасен луна парк во кој во собата со искрвени огледала најискривена е вистината и доказ за тоа дека соништата можат да се остварат дури и во најсуровите услови.
Дани | ТВ Пакет