Ај па може топлово ѝ го стопи мразот од срцето…
Милена е многу повеќе од анестезиолог и атрактивна девојка од “внатрешноста”. Таа е анксиозно депресивна, која бара татковска фигура, а за која дијапазонот на ликови кои и се пуштаат варира од Монти Пајтон до World War Z. Можеби сите мислат кој кревет да го фатат, но таа ќе мисли само на еден кауч – каучот на доктор Терзиев, во кого несвесно ќе се заљуби.
Запознајте се со интересната Милена од 18 септември, ексклузивно на Сител во новата македонска серија. Нејзината цел ќе биде психотерапевтот, а во позадина ќе страда од еотивната брачна криза. Јелена Јованова го толкува ликот на Милена. Јелена стана особено призната и афирмирана македонска актерка, која толкуваше главна улога и во хрватска сапуница, со што се здоби со низа позитивни критики.
Дани | ТВ Пакет