Безвремеснската приказна продолжува
Светски познатата семејната драма – комедија “Gillmore girls” се враќаат на телевизиските екрани. По 9 години од завршувањето на последната сезона, Нетфликс реши да ја обнови серијата и новите епизоди ќе започнат на 25 ноември. Продолжението го носи насловот “Gilmore Girls: A year in the life“.
Приказната за мајката и ќерката Гилмор продолжува на задоволство на милиони фанови. Првите две сезони од серијата своевремено ги следевме и на Алфа телевизија каде започна сторијата за Лорелај, самохрана мајка и најдобра пријателка на својата ќерка Лорелај (позната како Рори).
Во лоши односи со своите родители од своите 16 години, кога останала бремена и го напуштила семејниот дом, Лорелај се снаоѓала сама во животот и денес е менаџер на еден пансион во Сатрс Холоу, а нејзината ќерка учи во елитно училиште. Со желба да и го даде на Рори најдоброто од животот, Лорелај се зближува со своите родители при што се раѓаат многу прилики за хумор и драма.
Серијата на моменти знаеше да измами и понекоја солза, но и во моменти добро да насмее. Репликите беа брзи и богати, па често сценариото за една епизода изнесувало и до 90 страници.
И во новата сезона, во улогите на мајката и ќерката ќе ги гледаме актерките Лорин Греам и Алексис Бладел, а во екипата повторно ќе се дружиме со Кели Бишоп во улогата на Емили, Мајкл Винтерс како Тејлор, Јанис Трусдејл како Мишел, Шон Ган како Кирк, Мелиса Мекарти како Суки.
Гратчето Старс Хелоу како и тогаш, така и сега ќе ве шармира со својата непосредност, топлина и нови прекрасни моменти што ќе ги понуди веќе од 25 ноември.
Во продолжение, ексклузивно за љубителите на Гилмор – трејлерот за новите авантури на Гилморките :
Дани | ТВ Пакет