Почетна / Серии / Гледачите збунети : кога во ноќта одат репризи на сериите на ТВ 24 ?

Гледачите збунети : кога во ноќта одат репризи на сериите на ТВ 24 ?

 

Репризите на “Кујна” и “Андрија” секојпат во различен термин ?

 

Телевизија 24 од неодамна започна со емитување на популарниот руски ситком “Кујна” кој насобра огромен број фанови секаде каде што се емитуваше. Преку фреквенцијата на 24, македонските гледачи имаат шанса да уживаат и се насмеат со згодите и незгодите на персоналот во еден руски ресторан. Премиерните епизоди започнуваат во 17.45 часот, иако некогаш може да се случи да почнат нешто подоцна, околу 18 часот. Но, кога се емитуваат репризите на серијата – прашуваат гледачите кои се обратија до нашиот портал.

 

 

Најчесто репризите се емитуваат по 22 часот, некогаш и 23 часот, но вчеравечер репризата на епизодата започна ни помалку, ни повеќе туку во 23 часот и 50 минути.

Во програмската шема на ТВ 24, која може да се погледне во некои од програмските водичи, серијалот “Кујна” воопшто и не постои. Програмата на телевизијата сѐ уште не е ажурирана, така да емитувањето на руската комедија како воопшто и да не се одвива.

 

 

Слично е и со српскиот ситком “Андрија и Анѓелка”. Гледачите никогаш не беа точно информирани кога започнува нова сезона од ситкомот, и кога воопшто оди репризното издание, ако премиерното се прикажува во 18.15 часот. Не постои точна програмска шема, не постои ТВ распоред на кој би се информирале гледачите, па така останува единствената солуција – гледачот да “дежура” на оваа фреквенција и да почека да види кога започнуваат репризите од омилените ситкоми.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!