Почетна / Филм / Од тешка болест, почина српската филмска легенда Љубиша Самарџиќ

Од тешка болест, почина српската филмска легенда Љубиша Самарџиќ

 

Почина актерот од Битката на Неретва, Полицаецот од Петловото брдо, Жежок ветер, Смоки, Враќање на отпишаните, Виза за во иднина, Есен доаѓа љубов моја

 

Славниот српски глумец Љубиша Самарџиќ по тешко боледување почина вчеравечер во Белград на 81. годишна возраст. Повеќе од месец дена бил сместен на Клиниката за хематологија во Клиничкиот центар во Белград каде не успеал да се избори со болеста.

Последното негово појавување во јавност беше на 30. март на отворањето на Мартовскиот фестивал за документарни и краткометражни филмови, каде што се прикажуваше неговото последно остварување „Панта реи“.

 

 

Роден е во Скопје, а од 1960 година па до денес има над 70 филмски остварувања и телевизиски улоги. Кон крајот на деведесетите и сам ја превзел режисерската палка. Прекарот Смоки го добил по улога во филм, а особено запамтена е неговата соработка со Милена Дравиќ. Неговиот актерски талент често бил наградуван, па така уште од 1967 година на Филмскиот фестивал во Венеција освоил награда Златен лав з аулогата во филмот “Jutro”. Во текот на кариерата, три пати ја освојувал Златната арена во Пула, а добил и Гран При на Филмските средби во Ниш, како и награда за животно дело Павле Вуишиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!