Од понеделник, 7 октомври во стандардниот термин – 17 часот, започнува новата сезона од омилената кулинарска забава.
“Брза Кујна” и по 10 години останува најгледана телевизиска содржина во тој термин. Затоа, подгответе се, ве очекуваат многу интересни рецепти и супер забава со добропознатиот тим на емисијата.
За учество во Брза кујна, испратете порака со ваши податоци на официјалната ФБ страна на емисијата.
За потсетување, “Брза Кујна” е македонска верзија на кулинарското гејм шоу “Ready steady cook” на BBC, кое се емитува во светот од 1994 година. Многу земји направија свои верзии како Грција, Финска, Германија, Италија, САД, Австралија, Полска, а во Македонија на Сител се емитува од 2015 година.
Гледајте лиценцирани формати, гледајте Брза кујна на Сител.
Дани | ТВ Пакет