Берен Саат во нова турска драма – “Intikam”
На кабловскиот канал AXN Spin, со македонски титл за оваа територија се емитува една од најпознатите турски серии од последниве години. “Одмазда” е турски римејк на американската прајмтајм сапуница “Revenge”, емитувана на ABC, a инспирирана од приказната за грофот Монте Кристо.
“Одмазда” на AXN Spin и каналите во регионот, премиерно се емитува секој работен ден во 15.15 часот. Во продолжение прочитајте ја содржината :
Дерин е мало девојче, кое живее среќно со својот татко Адил. Но, еден ден ќе ги смени во целост нивните животи. Адил е обвинет за злосторствa и проневери кои не ги направил и осуден на затвор, а пак Дерин е пратена во сиропиталиште каде живее, убедена дека нејзиниот татко е виновен. Во затворот нејзиниот татко умира, а Дерин расте во убава и паметна девојка, не знаејќи што всушност се крие зад големата лага за татко ѝ.
Години потоа, Дерин ги открива дневниците на нејзиниот татко, така сфаќа дека тој е комплетно невин и дека неговите соседи и пријатели се тие кои го наместиле. Од тогаш започнува нејзината трансформација, го менува идентитетот во Јагмур и сега има само една и единствена цел – одмазда. Водена од несопирливата желба да се одмазди за она што им беше нанесено, Дерин изнајмува куќа во богатото соседство, веднаш до куќата на семејството Арсој.
Решена е да им се одмазди на сите, еден по еден, за тоа што му го сторија на нејзиниот татко. Ѓаволскиот план почнува полека да го реализира. Го привлекува вниманието на Емре, синот на богатата фамилија и на тој начин успева да влезе во богатата куќа и да ги освои симпатиите на сите. Времето започна – сите се на црната листа на Јагмур и сите ќе го вкусат горчливиот вкус на одмаздата.
Улоги : Beren Saat (Јагмур), Nejat İşler (Рузгар), Mert Fırat (Емре), Arzu Gamze Kılınç (Шаика), Zafer Algöz (Хајдун) и др.
Дани | ТВ Пакет