Ѕвездата на “Destiliando amor” и “Fuego en la sangre” со шамар пред камера
Мексиканскиот актер Едуардо Јањез доби тужба од страна на еден новинар. Имено, ѕвездата на теленовелите “Опиени од љубов” и “Врела крв”, одамна емитувани на Сител, не можеше да се контролира при едно интервју и му удри шлаканица на новинарот на црвениот тепих во Холивуд.
Прашањето на новинарот Пако Фуентес се однесувало на синот на Јањез, кој собирал финансиски средства на интернет за да си го поправи автомобилот по една сообраќајка. Едуардо не сакал да се зборува за неговиот однос со синот пред телевизиски камери, затоа што неговиот син е често поврзуван со дрога, силување, криминал.
На оваа провокација и прашање, актерот не можел да се соземе, па затоа почнал со пцовки кон новинарот, за на крај да му удри и шлаканица.
Во секој случај, актерот можел слободно да го одбегне прашањето или да одговори културно, но тој се одлучил за бандитско и насилно однесување пред камери. Затоа и си ја заслужил тужбата.
Дани | ТВ Пакет