Почетна / Сапуници / Фото | Се сеќавате на Фрихолито? Вака изгледа години подоцна

Фото | Се сеќавате на Фрихолито? Вака изгледа години подоцна

 

Порасна Фрихолито од вашата омилена “Барајќи го тато”

 

Се сеќавате ли на слаткото петгодишно детенце Фрихолито? Беше ваш омилен телевизиски лик од теленовелата “Барајќи го тато”, која е последна мега успешна латино серија во Македонија.

 

 

Немаше кој, а да не ја следи приказната за малото детенце кое е во потрага по својот татко. Само нежното и детско срце на малиот Фрихолито успеа на крајот да ги спои неговите родители Игнасио и Маргарита, за кои навивавме сезоната 2006/2007 на А1 телевизија.

 

 

Покрај улогата во оваа серија, го запознавме и како детето на Колунга и Адела Нориега во “Amor real”, а негов последен тв проект е серија за познатиот мексикански пејач Хуан Габриел.

 

 

Алехандро Фелипе Флорес денес има 19 години, има свој стил на облекување и однесување, но продолжува да ја гради актерската кариера.

 

 

Освен со актерство, денес се занимава и со музика. Дел е од бендот Khali, кои допрва започнуваат со настапи и слава.

 

 

Фрихолито денес не е малото гравче кое го знаевме. Како и секој млад дечко, се уште е во фаза на оформување и градење на вистинска личност.

 

 

Лани, Алехандро Фелипе објави интересна фотографија, заедно со колешката Лици, која во хитот “Барајќи го тато”, ја толкуваше неговата мајка Маргарита. 11 години по снимањето на серијата, Фрихолито и Маргарита изгледаат вака :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!