Од недела, по 21 часот започнуваат вашите омилени “Ѕвездички”
Од недела во 21 часот на Сител телевизија започнува втората сезона од најгледаното српско шоу за минатата сезона “Пинк ѕвездички”. Шоуто во Србија, Црна Гора и Босна започна минатата недела, а пак Македонија ќе има ексклузивна можност преку фреквенцијата на Сител да го прати секоја недела, веднаш по завршување на “Збогум Румелија”.
Пинк ѕвездички” е продуцирано од телевизија Пинк.
Водител на шоуто е Маријана Микиќ, а наместо Цеца, Харис, Марина Туцаковиќ, Мирослав Илиќ и Бора Чорба кои се судии во “Пинк ѕвезди”, овде ги гледаме Леонтина, Милан Станковиќ, Хари Варешановиќ, Гоца Тржан и Јелена Томашевиќ. Во секоја емисија ќе се натпреваруваат дваесет дечиња на возраст од 9 до 15 години од кои жирито бира десет кои одат понатаму, а другите десет испаѓаат. Изборот на кандидатите се базира само на гласот, затоа што жирито не ги гледа кандидатите туку само ги слуша а откако одбира преку тастер дали кандидатот оди понатаму, тогаш столиците на кои седат се креваат во воздух, и жирито ги гледа кандидатите во лице.
Доколку тројца членови од жирито го притиснат тастерот и нивните столици се кренат, тогаш кандидатот ја поминува првата препрека.
Во одлуката на жирито не се меша никој, а доколку тие изберат повеќе од десет тогаш децата пејат без матрица и жирито мора да одлучи кои десет ќе продолжат во вториот елиминационен круг.
Истите правила важат и во шоуто за возрасните, истите правила важат и за децата. Во продолжение погледнете го настапот на малиот Марко, кој во недела ќе ги расплака и Македонците, како што го направи тоа со регионот.
Дани | ТВ Пакет