Почетна / Сапуници / Алфа со реприза и на турската сапуница „Прости ми“ во 18:15 часот

Алфа со реприза и на турската сапуница „Прости ми“ во 18:15 часот

 

Малку беше еднаш, па сега уште еднаш на Алфа


Од понеделник до петок во 18.15 часот, Алфа телевизија со уште една реприза на турска серија. По репризата на Фериха, следува реприза на маратонската сапуница “Прости ми”, емитувана лани на оваа фреквенција. Гледачите се прашуваат – кога конечно ќе има нешто премиерно на оваа фреквенција?

Во продолжение ве потсетуваме на содржината .

Содржина :
Откако ќе се пресели во Анкара од своето родно место, Осман Козан, станува еден од најбогатите бизнисмени и еден од најугледните граѓани на главниот град на Турција. Тој е човек со сурова природа, цврста дисциплина. Сите одлуки во неговото семејство се донесуваат преку него. Но, додека е тој еден од најуспешните во бизнисот, за семејството е само страдање и несреќи.

 

 
Најстарата ќерка во семејството на Осман, Јилдиз, е мажена за Ферман, од едно семејство од источна Анадолија. Тоа е договорен брак во интерес на бизнисот меѓу Осман и неговиот партнер, агата на семејството Ферман. Ферман ја почитува својата сопруга, но во моментот кога ќе се открие дека Јилдиз не може да му роди деца, Султана, мајката на Ферман, ќе и го претвори животот во пекол. Султана трга во потрага да му најде втора жена на Ферман.

Кунјет, постариот син на Осман е столбот не семејството Козан. Веднаш после дипломирањето тој ќе преземе дел од раководењето на семејната компанија. Неговата блага природа ќе ги покрива штетите што на работењето на на угледот на семејството ги нанесува суровиот татко. Тој е во врска со една девојка која има трауматично минато, но во неговиот живот ќе влезе Фериде, подалечна роднина на неговата мајка…

 

Ејлул е ќерка на надзорникот во компанијата на Осман. Нејзиниот татко ќе биде убиен од Осман Козан. Тогаш Ејлул имала 5 години, а нејзината сестра две. Двете сестрички ќе бидат однесени во сиропиталиште и наскоро ќе бидат разделени. Откако ќе стане полнолетна, Ејлул има само две цели во животот: Да ја најде својата помала сестра и да го убие Осман.
Осман Козан има уште еден смртен непријател. Тоа е неговиот внук Тунк. Судбината ќе ги спои патиштата и двете желби, на Ејлул и на Тунк. Тие двајца ќе почнат да го подготвуваат нивниот пеколен план – да му се одмаздат на Осман Козан. Прва на удар ќе биде Фериде, љубовта на Кунјет, синот на Осман. Ејлул ќе влезе во животот на Кунјет и Фериде и ќе почне да ја разорува нивната љубов. Кунјет открива дел од тајните на Ејлул и неговата љубов кон неа е сериозно разнишана. Тој и се враќа на Фериде.

 

 

Мехмет Кенан е најнезависниот член на семејството Козан. Тој секогаш му се сптотивставува на својот татко, Осман Козан. Мехмет ќе се врати од студиите во Европа и дома ќе го дочека подготвен брак со Хандан. Таа е од богато семејство со кое семејството Козан ги врзува долгогодишно пријателство. Мехмет ја познава Хандан уште од детските денови. Тој дури и нема ништо против да се ожени со неа, но тогаш ја сретнува Бахар…
Синовите и ќерките на Осман Козан сакаат сопствен живот, а не живот во сенката на нивниот моќен татко. Еден ден Осман ќе сфати, на еден многу тажен начин дека неговите деца се во право…

 

Улоги : Nusret Şenay, Ulviye Karaca, Gaye Turgut Evin, Mert Altınışık, Şeyma Korkmaz, Murat Danacı, Ötüken Hürmüzlü

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!