Почетна / МК Сцена / Невиден интерес за мјузиклот „Тајно моја“ – нови изведби во април

Невиден интерес за мјузиклот „Тајно моја“ – нови изведби во април

 

ВИДЕО | Антониа со “Полско цвеќе” во мјузиклот за Тоше

 

 

Поради големиот интерес, МОБ најавува уште уште три изведби на мјузиклот во чест на Тоше Проески – “Тајно моја” на 19, 20 и 21.04.2017  со почеток во 20.00ч. Билетите во ограничен број по цена од 600 денари се веќе во продажба на билетарница на МОБ 02 3118451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk

 

 

Во претставата на 19-ти главните улоги ќе ги толкуваат: Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, на 20-ти Антонија Гиговска и Денис Димовски, додека на 21-ви, повторно Антонија Гиговска и Александар Тарабунов. Во останатите улоги настапуваат: Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Десанка Глигоријевиќ, Тони Михајловски,Тања Бојковска, Мила Николовска, Ристе Гавровски,Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, и Калеша Џангаловска.

 


 

Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ, диригент е Иван Еминовиќ.

Во продолжение, погледнете ја најавата за мјузиклот и изведбата на Антониа на легендарната “Полско цвеќе”. Гласот на Антониа руши брда и планини, секоја чест, девојче!

 


 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!