Време за македонски филм на Наша
24 март, ден сабота, време за македонски филм на Наша ТВ. Вечерва во 21.15 часот ќе биде емитуван “Мементо”,македонски игран филм по сценарио на Димитрие Османли, Јован Бошковски и Ташко Георгиевски, а во режија на Димитрие Османли. Монтажер е Маја Лазаров, а музиката ја компонирал Бојан Адамиќ. Премиерата била одржана во 1967 година. Во продолжение прочитајте ја содржината :
Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер (Стево Жигон), германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана (Рената Фреискорн), млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје.
Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето Гого (Предраг Ќерамилац) за кое ја врзува вистинска љубов.
Дани | ТВ Пакет