Уште еден хит од последниот албум на Елена
Популарната македонска поп пејачка Елена Ристеска деновиве извади уште еден сингл кој е дел од албумот “Без шминка”. Песната е промовирана преку јутјуб и социјалните мрежи, со оглед на тоа дека не може истото да се стори преку медиумите поради забраната од ЗАМП,. “Вети” е преработка на песната “Koha s’ndalet” од Грета Кочи, текстот го напиша самата Елена, а музиката и аранжманот се на Дарко Димитров .
– “Песната се вика “ВЕТИ” а мене ми е една од најомилените песни на албумот затоа и сакав да ја преработам и да направам препев. Кој сака може да направи караоке верзија со текст:). Овојпат тој дел ви го оставам на вас… ” – изјави пејачката за нејзината нова песна.
Во продолжение слушнете ја песната :
Дани | ТВ Пакет