Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (11-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (11-то продолжение)

 

Нешто подоцна таа вечер, во колибата од спротива, Марија Грација ја послужи со вечера својата фамилија.
– Толку сум изморена што одвај чекам да си легнам, – се пожали Моналиса.
– Кутрата моја ќерка, имаше долг ден, – Марија Грација ја помилува по темето на косата. – Антенор, во куќата слушнав дека го нашле твојот коњ во недојдија денес, оставен сам, – Марија Грација му се обрати на својот сопруг.
– Да, сум го заборавил во шумата. Анибал ми го врати.
Марија Грација заврте со главата додека го дојадуваше пилешкото крилце. Ќе мора да смилси поголема лага за да ме увери, гневно помисли жената во себе.

 

 Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 11 – „Жртва на Акасија“

 

Нешто подоцна таа вечер, во колибата од спротива, Марија Грација ја послужи со вечера својата фамилија.
– Толку сум изморена што одвај чекам да си легнам, – се пожали Моналиса.
– Кутрата моја ќерка, имаше долг ден, – Марија Грација ја помилува по темето на косата. – Антенор, во куќата слушнав дека го нашле твојот коњ во недојдија денес, оставен сам, – Марија Грација му се обрати на својот сопруг.
– Да, сум го заборавил во шумата. Анибал ми го врати.
Марија Грација заврте со главата додека го дојадуваше пилешкото крилце. Ќе мора да смилси поголема лага за да ме увери, гневно помисли жената во себе.
– Доцна е веќе, ќе си одам, – рече Енцо кога стана од масата.
– Не брате, – крикна Марија Грација. – Најдобро е вечерва да останеш овде.
– Ајде, Марија Грација, не ми вели дека и ти веруваш во легендата за Акасија, – се пошегува Енцо, додека го облекуваше своето палто.
– Не е никаква легенда, вујко, – потврди и младата Моналиса. – Акасија навистина постои.
– Не бидете наивни, вие две. Тоа се приказни смислени од луѓе за да плашат други луѓе. Месечината е полна и тоа е се. Добра ноќ, – додаде Енцо пред да ја напушти колибата, останувајки глув на предупредувањата на својата сестра и внука.

Откако излезе од бањата, облечена во сатенска ноќница, Алис тивко ја затвори вратата зад себе и погледна во својата рдонина Елиса, која се подготвуваше за спиење. Елиса носеше памучна ноќница која го отцруваше нејзиното убаво тело.
– Добра ноќ, Алис, убав сон, – и посака пред да ја згасне свеќата од својата страна на креветот.
Додека Алис ја подготвуваше својата постела, Елиса започна со вообичаената молитва која ја изговараше секоја ноќ пред спиење.
– Елиса, – и довикна Алис, прикинувајки ја во молењето.
– Кажи?!
– Извини, но навистина сум вознемирена. Приказната за Акасија ме остави со отворена уста.
– Не грижи се, како што ти кажавме, ние жените не сме истакнати на опасност.
– Знам, Елиса, но сепак ми влезе страв во коски.
– Тогаш, зошто не одиш да спиеш со мајка ти?
– Не, не би можела, мајка ‘рчи како стар морар.
– Не можам да поверувам, – се закикоте Елиса.- Делува толку префинето.
– Можам ли да спијам со тебе?, – праша мазно. – Не би барала да не се плашев толку.
– Секако, Алис, дојди, – Елиса и направи место покрај себе на креветот.
Алис пакосно се насмевна и легна на постелата на својата драга роднина, која продолжи со својата молитва, барајки од Алис да повторува по неа.
– Оче наш…
– Оче наш…
– Кој си на Небесата…
– Кој си на Небесата…
– Нека се слави името Твое.
– Нека се слави името Твое…

Додека Анибал ја облекуваше својата пижама пред спиење, неговиот помлад брат Рикардо ја набљудуваше полната месечина преку завесата во собата.
– Добивам желба да излезам надвор за да ја најдам Акасија, – низ насмевка рече Рикардо.
– И сакаш да те обележи како што ги бележи другите мажи?!
– Подготвен сум на се само за да бидам нејзин, брате.
– Јас не би ризикувал, – рече Анибал, закопчувајки ја пижамата.
– Не сакам да се оженам и да имам спиено само со една жена, Анибал.
– За разлика од тебе, јас сакам да бидам само со една жена. Жената која ќе ми биди сопруга.
– Со Алис тогаш?
– Престани да се шегуваш, Рикардо.
– Не се шегувам. Алис е твојата избраничка за која ќе се ожениш.
– Морам да легнам бидејки треба да станам рано. Истото ти го препорачувам и на тебе, – рече Анибал, избегнувајки го одговорот на прашањето на својот брат.
– Ќе легнам сонувајки дека еден ден моите патишта ќе се сретнат со патиштата на Акасија.
– Престани да зборуваш и остави ме да спијам. Доцна е.
– Доцна? Сигурен сум дека нема ни единаесет.
Рикардо посегна по своето палто барајки го часовникот во својот џеб. Истиот оној кој што му го зеде Кристина птетходно тој ден во борделот на тетка Кармен.
– Каде ли сум го оставил часовникот?, – се запраша.
– Згасни ја светлината и престани да зборуваш!

Под светлината на месечината, жена облечена во црн мантил со качулка, јаваше на црн пастув како кралица на ноќта, косејки ја маглата која беше налегната врз земјата. Јаваше на коњот како да е родена на истиот, беше вешта и спретна.
Енцо чекореше по патот кој водеше кон селото од хациендата кога слушна коњски топот зад себе и кога се заврте, на месечевата светлина забележа маскиран коњаник.
– Кој сте вие?, – праша.
Маскриканиот коњаник ги грабна уздите на својот пастув и го собори Енцо на земјата.

Работата на поле за работниците на земјата на Темпестад започнуваше со првото изгревање на сонцето. Зеленото злато, како што го нарекуваа другото име за кафето, имаше работа се додека денот не заоѓаше, а златните краци на сонцето беа ги позлатиле садниците во недоглед.
Жени, мажи и деца од секакви возрасти го береа и обработуваа кафето со песна, шеги и смеа. Беа луѓе кои му беа благодарни на бога за дадената шанса да работат и под никакви сулови не се жалеа за парчето леб кое им го даваше Фаусто Катењон, кралот на зеленото злато во Минас Жераис.
Тоа утро беше рано започнато и за Марија Грација, која потпевнувајки стара италијанска канцона, подготвуваше њоки во кујната на хациендата, чекајки да се разгори огнот во камената печка.
– Добро утро, – ја поздрави Енцо кога влезе во кујната.
– Добро утро, брате. Кафе?
– Ти благодарам, Марија Грација, добро ќе ми дојде.
– Помниш ли за нашиот вчерашен рагзовор за онаа жена, Акасија?, – праша Марија Грација откако стави вода за вриење во поцинкованото ѓезве.
– Да, – одговори Енцо, кратко но јасно.
– Погоди што? Сношти по полноќ, била видена во селото, како јава на својот црн пастув како кралица на земјата по која гази. Сигурна сум дека ја зела својата нова жртва.
– Марија Грација, јас…, – промрморе Енцо, одвај чујно.
– Што е, фратело?
– Дојдов да се збогувам. Си одам.
– Фратело мио…
– Размислував за она што ми го кажа и мислам дека си во право. Не сакам да имаш проблеми со газдата.
– Зошто? Се случи ли нешто со госпоѓа Естер?
– Се случи… и се плашам дека може да се повтори, – Енцо отворено и призна на својата сестра.
Марија Грација со својата десна рака ја покри устата од ненадее крик, додека водата за кафе започна да прекипува по шпоретот на дрва.

Алис повлече димче од цигарата и истиот го испушти полека преку својата уста правејки облачиња од чад. Седеше на верандата и уживаше во убавото утро, кога на свое големо изненадување пред себе на дрвениот под слушна чекори и кога ја подигна главата ја забележа Кристина Анџели.
– Кристина, од каде ти овде? Не ми вели дека си го променила мислењето.
– Дојдов да Ви кажам дека мојот молк чини пари.
– Не те разбирам. Што сакаш да кажеш со тоа?
– Ако не ми дадете одредена сума пари, целата Ваша фамилија ќе дознае дека не сте нималку дама каква што се претставувате.

Естер го пиеше првото утринско кафе во библиотеката на својот сопруг каде што Фаусто селектираше одредена литература, чепкајки по полиците.
– Ова се книги кои сакам да ги прочиташ, Естер, – и рече на крајот, седнувајки до неа на софата, подавајки и ја избраната литература. – Биографии за едни од првите шпански освојувачи на оваа земја.
– Смеам ли да бидам искрена? Навистина тие биографии не ми се интересни за читање, Фаусто.
– Ако не сакаш да ги читаш, тогаш нема ништо да читаш бидејки ова се единствените дела кои јас ти ги одобрувам за читање.
– Но, ти ме познаваш, Фаусто. Јас сум романтична, сакам поезија, љубовни романи…
– Љубовни романи и поезија е она што никогаш нема да го читаш, – јасно и погласи Фаусто. – Отсега па натака само биографија на важни освојувачи кои од нашата земја се доселиле на овие краишта.
– Јас знам дека го сакаш само најдоброто за мене, но би те замолила да ги согледаш и моите интереси.
– Замолчи!, – дивјачи извика Фаусто фрлајки една книга преку просторијата замавнувајки во ѕидот на другата страна од библиотеката. – Сфаќаш ли каков бес предизвикуваш кај мене, Естер? Тебе човек не може никао да те задоволи! Цело утро ја пребарував библиотелата за да најдам литература само за тебе, а погледни ти како ми враќаш!
Ја притискаше толку силно за рамениците, што Естер ппочуствува како и трнат дланките.
– Пушти ме, Фаусто, ме боли.
– Ти си најнеблагодарната жена на овој свет, Естер!
– Пушти ја!, – извика Енцо кој случајно се најде во просторијата.
Фаусто ги тргна своите дланки од рамениците на својата сопруга и бесно со насобран гнев погледна во несакниот гостин пред себе.

продолжува во петок…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!