“Дол и Ем” – секоја недела репризно на Телма
Секоја недела на Телма околу 17 часот ќе се репризира британскиот ситком “Дол и Ем”, емитуван минатава сезона на оваа фреквенција во 12 продолженија.
Серијата ја осмислија, а и глумат во неа Емили Мортимер (Newsroom, Shutter Island, Match Point) и нејзината најдобра пријателка од приватниот живот Доли Велс (Spy, Bridget Jones’s Diary). Покрај нив две кои ги толкуваат главните улоги, во серијата се појавуваат и низа познати актери во епизоди улоги како Сузан Сарадон, Енди Гарсија, Џон Кјузак итн.
“Дол и Ем” е интимен и хумористичен портрет на женското пријателство. Дејството се одвива во Лос Анџелес, каде се упатила Ем со цел да создаде кариера во Холивуд. Решена да го сними својот филм, на Ем и е потребен асистент и така ја вработува Дол.
Од време на време, серијата е горко-слатка, понекогаш пресмешна, а понекогаш и емотивна. Секоја епизода е приказна за себе.
Дани | ТВ Пакет