За многу скоро на тв екраните доаѓа најубавиот маж за оваа година
Бариш Ардуч, или познат како вљубениот ерген ја доби награда за “маж за 2016-та година” од престижниот магазин GQ, за што и веќе пишувавме. Омилен на сите генерации, Ергенот ги освои вашите срца во изминатава година, а во последните мигови од старата година, одбран е и Најубав маж за оваа година што изминува и маж кој повторно ќе ги одзема вашите воздишки.
Па така, најпознатиот турски актер Бурак Озџивит е прогласен за “Маж на годината во Турција”.
Најпознат како Бали бег во спектаклот “Величествениот”, овој актер е мета на секојдневни папараци кои до детал го следат секој негов чекор.
За професијата, за приватноста… очекувајте новости за овој актер во следнава 2018-та година токму на нашиот портал, кој ексклузивно се занимава со сите новости од светот на телевизијата.
Особено актуелни ќе бидат сите ексклузивитети поврзани со неговото име во следнава година и тоа не за џабе.
Македонските гледач(к)и на големо ќе уживаат во неговото згодно тело и неодолив шарм на програмата на Сител телевизија, и тоа за многу скоро.
Неговата најнова и најпродавата теленовела “Бескрајна љубов” започнува во 2018-та година. Очекувајте многу наскоро вашиот Бали Бег повторно да стане сон на секоја Македонка.
Дани | ТВ Пакет