Mладите лидери во хуманитарна иницијатива за скопските поплави
Додека некои ја гледаат попреченоста како препрека, други ја гледаат како можност. Можност да ги преминеш границите на умот и да успееш да го оствариш совјот сон, затоа што позади секој успех стои труд, пасија и човек подготвен да се соочи со предизвиците на патот кон целта.
Група млади лидери од “Младите можат” ви покажуваат пат кон простор без граници, онаму каде пречките се мали, ако луѓето се големи. На 15-ти август, понеделник, со почеток во 19:00 часот во ЕУ Инфо Центарот ве покануваме да се инспирирате и мотивирате патувајќи низ приказните за успехот на оние навидум „мали“ луѓе. Покрај успешните приказни на нашите тројца говорници, ќе имате можност да уживате во перформансите на нашите талентирани настапувачи.
Да се поклониме пред еднаквоста рамо до рамо со лицата со сетилна попреченост и заедно да ги отвориме портите за нови успеси! Преку музика, песна и убав збор да стигнеме до општество без граници!
Согласно моменталната состојба во градот, ве повикуваме да бидете хумани колку што можете и да донирате финансиска или материјална помош на штандот кој ќе биде поставен на истото место. Еден мал хуман гест, до голема промена!
Иницијативата е дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“ кој е поддржан од Цивика мобилитас и Швајцарски национален младински совет, а го спроведуваат Младите можат во партнерство со Симбиотика – Институт за индивидуален и организациски развој и SEED Швајцарија. Настанот е реализиран во соработка со организацијата Детски Свет и Културно Уметнички Центар Битрикс.
Дани | ТВ Пакет