Почетна / Серии / Новата драмска серија „Сенки над Балканот“ премиерно и на МТВ 1

Новата драмска серија „Сенки над Балканот“ премиерно и на МТВ 1

 

Секоја недела на Прва – “Сенки над Балканот” (11 епизоди)

 

Извонредна политичка трилер драма со елементи на мистика во која настапува интернационална екипа. Дејството се одвива во 1928 година во Белград, како престолнина на Кралството на СХС (Кралството на Србите, Хрватите и Словенците), кога Балканот важел за „Колумбија на Европа“, а Бјелогрлиќ настапува и во една од главните улоги.

 

 

Серијата ќе се емитува премиерно на 5 ноември на програмата на Македонската радио-телевизија, Радио-телевизија Србија, како и уште на три национални телевизии во регионот и во Руската Федерација. Оние што ги виделе првите две епизоди велат дека се работи за продукција која потсетува на најдобрите современи светски серии.

Во серијата провејува постмодернистичка комбинација на  трилер и драма, спој на фикција и историски настани, а  се среќаваме и со многу автентични ликови. „Сите овие ликови се во функција на драмскиот заплет“, вели Бјелогрлиќ и додава дека серијата е снимана во Србија, Македонија и во Русија.

 

 

Содржина:

Една вечер козакот Алјоша убива свештеник во една руска црква затоа што е сведок на грабежот што го извршува. Младиот инспектор Станко е на својата прва работна задача, да го реши убиството заедно со стариот инспектор и воен ветеран Андра Танасијевиќ. Луѓето на Врангел, со база во Белград, Сорокин и Фјодор, сфаќаат дека од црквата е украден Врангеловиот реликт. Движејќи се по трагите, Андра оди во затворот Главњача да го праша својот воен пријател, македонскиот сепаратист Дамјан, кој му го кажува името на еден човек од бандата на Татко. Алјоша ја посетува својата љубовница Виолета, но мора да бега пред да дојде мажот ѝ. Офицерот Сорокин пристигнува во Белград и му ги носи на генерал Врангел вестите за убиството и грабежот во црквата. Во меѓувреме, во едно село на југот на поранешното југословенско кралство, во Македонија, шефот на македонскиот опиумски картел, Киро, ги чита вестите за пресудата на Дамјан и им наредува на своите луѓе да се подготват за пат за Белград.

 

 

Режија: Драган Бјелогрлиќ

Сценарио: Даница Пајовиќ, Драган Бјелогрлиќ, Владимир Кецмановиќ, Дејан Стоиљковиќ

Продукција: Радио-телевизија Србија, Кобра Филм

Копродукција: СФС/Скопје Филм Студио, Македонска радио-телевизија, Радио-телевизија Република Српска

Копродуценти: Томи Салковски, Сталбел Мисалков

Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Александар Галибин, Андреј Зибров, Милош Тимотијевиќ, Петре Арсовски, Јана Стојановска, Тони Михајловски, Аксел Мехмет, Петар Мирчевски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Петар Мирчевски

 

 

Во продолжение погледнете го официјалниот трејлер на серијата :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!