Детето од Сплит ги освои и расплаче сите во Пинк
Хрватот Роко важи за фаворит за победа на оваа сезона од музичкото шоу “Ѕвездичките на Пинк”. Жирито е согласно дека детето се одвојува од другите кандидати како што се одвојуваа Марија Сердар и Марко Бошњак, кои победија во првите две сезони.
Со изведбата на “Caruso” ги освои сите, а со вчерашниот настап на “Je t’aime” од Лара Фабијан, ја зацврсти својата позизиција на еден од главните фаворити за победа. Со својата моќна и емотивна изведба, Роко ги расплака сите во студиото, а Гоца Тржан низ солзи едвај проговори нешто.
– Се надевам дека девојчињата на кои на ваков начин ќе им кажеш “J t’aime” ќе умеат тоа да го ценат. Ти посакувам светска кариера, ти посакувам многу среќа, немој никогаш да се ослонуваш на нечии коментари. Совршен си – успеа да каже Гоца, а Јелена Томашевиќ искоментира дека Роко пее фантастично, без обзир дали тоа го прави со полн глас или фалсет. Неговата сила лежи во нежноста и емоцијата, нешто што секој може да го доживее преку неговото пеење.
Потсетуваме дека поради забраната од ЗАМП за радиодифузно емитување на музички дела од регионот, Македонија е спречена да го гледа шоуто на големите, но мали ѕвездички.
Дани | ТВ Пакет