Скинати, лепени, недолепени, стуткани… банкноти се вртат дневно во трговијата во земјава. Меѓу нив се појави и, можеби единствена, банкнота од 11 денари, пишува Дневник. Таа е производ од нечие или невешто слепување раздвоени парчиња од десетденарка, или, пак, резултат од нечие вешто мајтапење.
Како и да е, банкнотата без проблем се најде во купчето кусур во едно од скопските кафулиња каде ниту келнерот, ниту гостинот во тој момент не забележаа дека имаат денар „повеќе“ во сумата за враќање.
Ивана Таневска | ТВ Пакет