Во серијата ја мрази, но каков е тато Џенгиз приватно ?
Потресна приказна која ги заинтригира македонските гледачи кои со големо нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода од драмата за малечката Мелек на Сител телевизија.
Осумгодишно девојче кое ја доживеа најголемата болка на нејзиното детство. Клоци, шлаканици, влечење по под, тепање, викање… вистинско физичко и психичко насилство трпеше малото девојче во домот на нејзината мајка и очувот Џенгиз.
И кога конечно избега од тој пекол, во новите епизоди на Сител, таа е повторно во канџите на злобниог Џенгиз. Ќе успее ли Мелек конечно да се спаси од лошата судбина и да стави крај на прогонот на очувот?
За разлика од серијата, Мелек и Џенгиз приватно се вистински пријатели. Осумгодишната Берен Гоќулдиз и 30-годишниот Атеш Беркај покажаа на социјалните мрежи дека тоа што се случува во серијата е само сценарио, а вистински уживаат во заедничката дружба и одењето на фудбалски натпревари.
Дани | ТВ Пакет