Сто и единаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Артемио ја отвори вратата од неговиот апартман во хотелот Реал дел Монте и влезе Естер.
– Естер, баш ти ми требаше. Сакав да знам дали си подготвена да заминеш на подолго во Мексико Сити? Потребна ми е личност од доверба, некоја како тебе за да ги избере девојките и момците кои ќе го снимаат нашиот прев професионален порно филм. Ти си совршена за да ја водиш аудицијата.
– Артемио, дојдов за да ти кажам дека давам оставка. Нема повеќе да работам за тебе.
Естер се плашеше од неговата реакција, но тој смирено ја прифати нејзината одлука.
– Зошто? – ја праша.
– Она што се случи со Гаспар ме вознемири многу, – одговори Естер, стана од двоседот и погледна низ прозорецот. – Нервозна сум како никогаш претходно, Артемио и мислам дека не сум способна повеќе да работам толку одговорна работа. Знам дека еднаш ми кажа дека ако еднаш некој почне да работи за компанијата нема враќање назад, но, ти си ми пријател, можеш да бидеш сигурен дека никогаш нема да направам нешто што би ти наштетило. Никогаш не би издала ниедна тајна на компанијата.
– Ако тоа е твојата конечна одлука, се надевам дека добро си размислила. Што можам да речам јас? Само жалам што губам толку ефикасна соработничка како тебе.
– Ти благодарам на разбирањето.
– Ќе и речам на Ана Вирхинија да те побара за да и ги предадеш архивите и докумнетите кои ги имаш.
– Секако, – рече таа, ја зеде чатата и пред да го напушти апартманот го бакна во образ и додаде:
– Се гледаме, Артемио.
Кога падна ноќта, по завршената смена во хотелот, Бенигно ја чекаше Маргарита на плоштадот како што беа договорени. Нервозно погледна на рачниот часовник, таа веќе доцнеше десетина минути и во моментот кога сакаше да замине кон дома, ја забележа како дотрчува од другата страна на улицата.
– Помислив дека ќе ме извисиш, – и рече низ насмевка.
– Зошто?
– Онака.
– Пред да одиме на сладолед, подобро да одиме и да јадеме нешто. Мртва гладна сум.
– Секако, убавице. Да одиме.
Кога завршија со вечерата, Виснета, Матилде и Лоренсо пријдоа во собата со телевизор за да го гледаат филмот кој се прикажуваше.
– Зарем не требаше да дојде Маргарита?, – Висента ја праша својата ќерка.
– Ме извиси како и обично.
– Добро, можеби останала подоцна на работа.
– Во сабота, сигурно, – саркастично додаде девојакта.
– Да ви предложам нешто, – еуфорично рече Лоренсо. – Сакате ли утре да одиме на излет?
– Долго време не сум била на пикник, – крикна Висента, фасцинирана од идејата.
– Не, благодарам, мене не ми се оди, – рече Матилде, загледана во филмот кој почнуваше.
– Ајде, ќерко. Утре е недела, зарм цел ден ќе го поминеш дома сама?
– Не биди таква, Матилде. Можеме да прошетаме до водопадите, – инсистираше Лоренсо.
– Во ред, ќе размислам.
За време на вечерата, Бенигно и зборуваше на Маргарита за сето она кое му гокажа Аурора, сестрата која го посети.
– Артемио Сантибањез се претставил како Фабијан Монтеро?, – девојката го праша Бенигно.
– Аурора вели дека пред Алехандро да ја напуштил болницата, го барале двајца горили најверојатно да го убијат. И што мислиш кој ги пратил? Артемио Сантибањез.
– Господе. Може сакал да го убие Молина и да го намести дон Фабијан?!
– Најверојатно, – Бенигно ги потврди нејзините сомнежи.
Кога падна ноќта, Магнолија го чекаше Артемио на договреното место. Ноќта беше магловита, а месечината одвај се гледаше помеѓу густите облаци.
– Помислив дека нема да дојдеш, – му рече кога тој се појави со батерија в рацете, како што беше договорено.
– Овој момент го чекав целиот мој живот, Магнолија. Да одиме, – и рече и се упатија кон куќата.
– Сите спијат, но мораме да бидеме тивки. Се влегува преку библиотеката.
Алехандро се враќаше кон хациендата, чекорејки низ густата шума, преку сувите лисја кои шушкаа меѓу неговите чекори. Ноќта беше мрачна а од маглата не можеше да се види ни метар подалеку од себе. Волците виееа недалеку, кога слушна чекори зад себе. Запре и се заврте. Немаше никој. Продолжи да чекори и повторно истите чекори кои не беа неговите. Како сенка која го следеше. Повторно застана и нагло го заврте погледот. Пред него стоеше Епигменио. Одвај се гледаше од густата магла, но беше тој.
– Мислеше дека сум мртов?, – го праша низ подмолна намевка. – Убиецу!
Алехандро изрипа од својата постела. Беше само сон. Лош сон. Стана од креветот и посегна по чашата вода. Беше жеден. Додека ја пиеше водата, пријде до прозорецот и долу во двориштето забележа две сенки. Не можеше да биде сигурен, но немаше сомнеж дека едниот од нив е Артемио Сантибањез. Ја облече наметката на себе и ја напушти собата. Кога слезе во холот, Магнолија и Артемио тивко, речиси на прсти го поминаа ходникот и се упатија кон библиотеката. Алехандро ги следеше. Кога Магнолија го отвори ѕидот во библиотеката и двајцата влегоа во тајната просторија, Алехандро повеќе немаше сомнеж дека Магнолија го води кон богатството. Срцето започна брзо да му чука. Го повтори истиот чекор и пред него полиците се поделија на две. Одеднаш се најде во мрачна просторија која мисрисаше на влага. Немаше светилка со себе, но на неколку чекори пред него чекореа тие двајца и почна да ги следи.
– Сигурна си дека ова е местото кое води до Црвената месечина, Магнолија?, – ја праша Артемио.
– Секако. Како мала постојано доаѓав тука. Секако тогаш не знаев каква мистерија крие ова место.
– Слушна ли?, – ја праша тој претпазливо и го заврте погледот. Со батеријата го осветли патот кој го минаа, но не забележа ништо. Алехандро умешно се имаше задскриено зад еден столб.
– Ми се слушнаа чекори, – додаде тој и продолжија да чекорат. – Уште колку има?
– Не многу. Но, мораме да го поминеме целиот тунел.
– Ова е генијална идеја за да се сочува такво богатство. Не се ни сомневав во генијалниот ум на Родолфо Валенсија. Само неговата глава можела да смисли нешто вака фасцинантно.
– Овдека, – рече Магнолија и покажа кон десната страна, онаму каде што тунелот завршуваше, а патот се делеше на два дела.
Артемио чуствуваше неопислива возбуда. Полека чекореа кон дрвениот пролаз. Тој ги искачи скалите и нетрпеливо ја оби вратата. Мириз на кандило, свеќи кои догоруваа и икони беше она што го видоа неговите очи. Артемио не можеше да поверува. Бесно погледна кон Магнолија.
– Каква е оваа шега, Магнолија?!
– Не реков дека точно знам каде лежи богатството. Но, ова е повеќе од она што ти некогаш самиот ќе го најдеш, Артемио.
– Ме излажа?
– Не, не те излажав. Реков дека знам каде е богатството. Мора да е тука некаде, Артемио. Можеме заедно да го бараме. Двајцата. Нели гледаш дека сум луда по тебе? Од првиот ден кога те сретнав мислам само на тебе?! Можеме да го најдеме рубинот и да заминеме од тука, да заминеме засекогаш, – повторуваше, љубејки го по вратот.
– До Бога, Магнолија, во црква сме, имај почит.
– Те љубам и нема да дозволам да те загубам, Артемио.
– Мора да има одговор. Зошто хациендата е подземно поврзана со црквата? Каква е оваа невскусна шега?! Што има на другата страна од тунелот?
– Ништо, само ѕидини. Ова е единствениот излез, верувај сум пребарала се.
– Мора да постои решение. Нешто што ќе не одведе до тоа богатство. Боже, дај ми знак, – се помоли Артемио гледајки во расптието на Исус пред себе.
Алехандро стоеше во тунелот и го слушаше дијалогот.
Висента се подготвуваше пред огледалото во својата соба, кога на вратата затропа Лоренсо и влезе спортски облечен, со сламена корпа во рацете.
– Се е подготвено за да појдеме, моја убава дамо.
– Жалам, но Матилде нема да дојде со нас.
– Да одиме тогаш ние двајца.
Тоа утро, Дијана имаше порачано појадок во хотелската соба. Додека појадуваше во својот кревет гледајки телевизија, некој затропа на вратата и стана да отвори. Беше Клеменсија.
– Добро утро, Дијана.
– Како си, Клеменсија? Влези.
– Благодарам.
– Дали си зафатена?
– Не, само што појадував. Седни. Сакаш кафе?
– Не благодарам. Зборував со Марија Клара и речиси сум сигурна дека Артемио Сантибањез може да е човекот кој ја силувал. Не знам како можел да и го стори тоа?, – очите на старицата и се полнеа со солзи. – Згора на се, ја принудив да се омажи за Фабијан, човек кој дури е можеби и полош од самиот Артемио.
– Фабијан не е лош, само е искомплексиран, Клеменсија.
– Адвокат, од добра фамилија, мислев дека е идеален за мојата внука.
– Да сум на твое место, јас би ја принудила Марија Клара да го остави.
– А детето?
– Алеханрдо може да му го даде своето презиме. Иако не е негово, подобро детето да има татко како Алехандро, отколку како Фабијан.
– Не знам, Дијана. Не сакам и детето да страда како мојата внука. Сношти зборував со Марија Клара кога беше дете, – додаде, бришејки ги солзите со шамивчето. – Ми кажа дека кога била мала, а кога дедо и и јас не сме биле дома, ја посетувал Артемио…Не можам да поверувам дека можел толку да и наштети. Но, како можел тој човек да нема милост, да силува дете од само десет години?! Боже, подготвена сум да го убијам во овој момент! Не ми е важно дали ќе лежам затвор, но ќе го убијам, Дијана!
Кога Висента и Лоренсо заминаа на пикник, Маргарита ја посети Матилде во пансионот. Матилде беше видно лута поради тоа што Маргарита ја извиси претходната вечер.
– Прости ми, пријателке, се надевам дека не ми се лутиш. Само што излегов од куќата, наидов на Фабијан. Ме зеде со себе и имавме односи во шумата.
– Поштеди ме од твоите валкани детали, Маргарита.
– Не знам зошто ми се лутиш.
Алехандро ја посети Естер во нејзиниот дом. Ја сподели синоќешната авантура во тунелот под хациендата.
– Хациедната има подземен тунел?, – го праша таа изненадено, откако го послужи со мате.
– Да. Магнолија му го покажуваше на Артемио. Моите сомнежи конечно се потврдени. Артемио ја сака хациендата поради црвениот рубин.
– Толку многу убиства, толку лаги и превари за еден обичен камен?
– Не е обичен камен, Естер. Ти кажав, тоа е непроценливо богатство. Најголемиот скапоцен камен во светот. За него се напишани многу книги, снимени се документарци, но никој конкретно не знае каде се наоѓа. Но,сега кога знам за тајните пролази, сигурен сум дека сум близу до него.
– И од каде знае Магнолија за тунелот?, – праша Естер.
– Магнолија го има поминато скоро целото детство на хациендата, сигурно уште тогаш дознала, но ни самата таа не знае каде се наоѓа рубинот.
– И што планираш сега кога знаеш за тунелот?
– Да истражувам. Ќе истражувам темелно се додека не го пронајдам.
– Алехандро…Зошто мислиш дека Артемио сака да ја префрли сета вина на мене и на Фабијан?
– Кога бев во Црвениот крст, ме бараа двајца луѓе најверојатно со цел да ме убијат. Едниот од нив беше истиот кој ме рани за време на престрелката во паркот. Следниот ден и Артемио бил во Црвениот крст, зборувал со една од сестрите и се обидел да ископа каде се наоѓам. Она што е чудно е што се претставил како Фабијан Монтеро.
– Се претставил како мојот брат?, – изненадено праша Естер.
– Да. Се надевам дека сега ти е јасно. Артемио сака да ве намести тебе и Фабијан за сите негови злодела, Естер!
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет