Почетна / Телевизија / Почнува летниот филмски репризен маратон на МТВ 1

Почнува летниот филмски репризен маратон на МТВ 1

 

Од вечерва на првиот канал на Македонската телевизија стартува летниот филмски маратон. Од сега ќе бидат прикажувани по неколку филмски хитови неделно се додека заврши Светското првенство во фудбал, а потоа филмовите ќе се прикажуваат секојдневно. Се работи всушност за репризи на филмови кои МТВ ги прикажуваше изминатава година, а сега ќе бидат репризно емитувани. Маратонот започнува со Бетмен вечерва во 21 часот и 20 минути.

 

 

Во продолжение ќе ве информираме на дел од филмовите кои ќе се прикажуваат следната недела:

Петок (27 јуни) – 21:20 часот – Бетмен почнува

Среда (2 јули) – 22:20 часот – Полициска академија

Четврток (3 јули) – 21:30 часот – Робинзон Крусо

Недела (6 јули) – 21:30 часот – Ангелски шепот

 

Во наредните недели следуваат и репризи на сите филмови за Џејмс Бонд, потоа Quantum of Solace, Universal soldier, 300, Eraser, Superman, Eyes wide shut, Devil’s advocate, Fracture, Reils and tails, Red heat, Colateral damage, Rambo, Zodiac, The bodyguard и многу други светски хитови.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!