Почетна / Вебновела / Црвена месечина 113

Црвена месечина 113

Сто и тринаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Клеменсија сеуште се протегаше низ креветот во својата соба, беше едно од оние утра кога сакаше да го прексокне појадокот и да ужива во топлата постела до доцна. Но, мораше да стане кога во собата влезе Магнолија.
– Тетко, не ти е добро?
– Добро сум, Магнолија. Што ти треба?
– Марија Клара замина кај нотарот. Отиде да го поништи полномоштвото кое му го дала на Фабијан кога се венчале.
– Заминала сама?
– Не знам, но мораш да ја спречиш. Кога Фабијан ќе чуе ќе разбесни. Можно е во бес да и каже што и се има случено како дете.
– Боже мој, имаш право.
– Затоа мораш веднаш да разговараш со нотарот. Пред Марија Клара да направи лудост.

Секретатрката на нотарот го поврза со Клеменисја де Валенсија која нетрпеливо чекаше на линија. Не сакаше ни да помисли за што се е подготвен Фабијан кога ќе дознае дека повеќе нема никакв право врз имовината на неговата сопруга.
– Добар ден, госпоѓице Клеменсија. Вашата внука штотуку замина. Но, таа го побара во мене и има секакво право.
– Марија Клара погреши, – очајуваше Клеменсија. – Девојката не знае што прави. Те молам, Фернандо, поништи го документот.
– Тоа е незаконско госпоѓице Клеменсија.
– Во ред, тогаш. Простете што ве вознемирив. Догледање.
– Не сакаше?, -Магнолија ја праша својата тетка откако старицата го заврши телефонскиот разговор.
– Не.

Откако ја напуштија канцеларијата на нотарот, Марија Клара ја покани Матилде на сладолед во знак на благодарност. Чекорејки по калдрмената улица, наидоа на Лоренсо, кој забразно чекореше.
– Лоренсо! Лоренсо!, – му довика Матилде. – Сакав да те запознаам со мојата пријателка, Марија Клара.
– Мило ми е убава дамо, – рече тој, подавајки ја раката. – Лоренсо Сантиљан, на услуга.
– Мило ми е господине Сантиљан.
– Морам да одам, Матилде, еден пријател веќе ме чека. Се гледаме во пансионот. Пријатен ден, дами, – додаде набрзина и ја премина улицата од другата страна.
– Које тој?, – Марија Клара ја праша Матилде.
– Живее со нас во пансионот. Професор е и е презгоден. Но, погоди што. Сношти го затекнав како се бакнува со мама.
– Не! Со Доња Висента!?

Кога Лоренсо се појави на закажаното место, Лусија нервозно го прекори за доцнењето.
– Не претерувај, – и рече тој низ шармантна насмевка. – Не можеш ни да замислиш со кого се запзонав сега?! Марија Клара Валенсија де лос Монтеро.
– Од каде со неа?, – љубопитно праша Лусија.
– Се дружи со Матилде.
– И зошто толку си воодушевен?
– Бидејки е преубава жена, – рече Лоренсо.
– Те викнав да разговараме бидејки на Артемио не си му повеќе потребен.
– Зошто?, – изненадено праша тој. – Баш сега кога ми тргна со Висента. Сношти ја изнесов на пикник и ја загриза јадицата.
– Жалам, но ќе мораш да ја оставиш твојата сакана и да се вратиш во Мексико Сити.
– Не, не си одам одовде, – одлучно рече тој.

Кога Марија Клара се врати на хациендата, Клеменсија брзо ја прекори за стореното.
– Зошто избрза, Марија Клара?
– Сум избрзала?
– Зарем не сфаќаш дека Фабијан ќе збесне кога ќе дознае.
– Тетко, имам право да располагам со моите пари и моето наследство онакака како што сакам. И да бидам искрена, никогаш не бев задоволна што тој управува со моите пари. Но, тоа беше твоја одлука и ја прифатив како таква.
– Требало да почекаш, ќерко. Што ако сега одбие да го прифати твоето дете? Дури може и на сите да им каже дека си му била неверна.
– Сеедно ми е што ќе каже…
– Но, мене ми е. И тебе треба да ти биде важно. Зарем сакаш да го извалкаш нашето име?
– Те молам, тетко. Божем ќе бидам првата која ќе го извалка нашето име! Двете знаеме добро дека татко ми бил многу лош кон мојата мајка, дека ја малтретирал и понижувал. Толку ја повредил што кутрата барала утеха во друг маж, во мојот вистиснки татко. Не заборавај на денвникот кој го најдов во пансионот на доња Висента.
– Но, никој не знае за тоа!
– Заборавив дека тебе ти е поважно што мисли народот од она што јас го чуствувам, – со горчилв тон, Марија Клара и префрли на својата тетка.
– Таков е светот, ќерко, а оние кои не ги прифаќаат правилата, остануваат бележани засекогаш. Затоа врати се кај нотарот и поништи го документот, мила, барем додека не се роди детето кое го чекаш.
– Одбивам да направам таква лудост.
– Тогаш со таа твоја одлука го осудуваш твоето дете да живее во стаклено ѕвоно, како што знаеше да каже Балдомеро.
– Моето дете нема да расте како што раснев јас, тетко. Или сакаш да кажеш дека можам да родам ментално дете, како што сум јас?!
– Никогаш не го кажав тоа.
– Но, но го мислеше, – низ солзи додаде младата жена и демонстартивно ја напушти собата на својата тетка.

Минувајки го ходникот, наиде на Фабијан. Не постоеше подобар момент отколку тој за да му ја каже вистината.
– Доаѓам од кај нотарот. Го поништив полномоштвото кое ти го дадов кога се венчавме! Повеќе немаш право над моите пари!
Фабијан ја гледаше со бес. Беше подготвен да ја фати и да ја задави на лице место.
– Како се осмели!?, – урлаше на сиот глас.- Веднаш јави му се на нотарот и побарај поништување!
Силно ја повлече за нејзината рака и ја понесе кон телефонот. Марија Клара се опираше, но тоа му даваше повеќе сила. Почна да ја влече за коса до аголот на кој стоеше масичката со телефон.
– Оди пред мене! Измисли што сакаш но одма да побараш поништување!
– Немаш право да го бараш тоа од мене…
– Јави му се!, – ја туркаше нејзината глава во телефонската слушалка.- Лудачо! Ти не си нормална!
– Немаш право да ми зборуваш така, Фабијан… те молам.
– Секако декжа имам! Знаеш ли зошто твоите роднине те чувале како во стаклено ѕвоно сите овие години!? Знаеш ли зошто се плашиш од покажана сила и повишен тон! Бидејки си била силувана како мала!
Марија Клара низ солзи вртеше со главата. Се обиде да побегне од неговите силни раце, но не успеа. Се влечеше силно и кога успеа да се ослободи потрча кон скалите, но се лизна на килимот и падна по скалите, превртувајки се. Остана да лежи на подот без свест.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!