Почетна / Вебновела / Црвена месечина 116

Црвена месечина 116

Сто и шеснаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Пас седеше замислено во кујната на хациендата, додека Маргарита и зборуваше нешто, но ниту збор не допираше до неа.
– Мамо, мамо, ме слушаш ли или зборувам со ѕидови?, – извика Маргарита на крајот.
– Прости ми, ќерко. Што велеше?
– Што ти е? Во последно време си расеана, замислена…
– Ах, Маргрита, не сакав да те загрижувам, но морам да споделам со некого. Ме загрижува отсуството на твојот вујко. Со денови нема глас од него.
– Те молам, мамо. Како да не знаеш каков е. И минатиот пат беше така, помниш, кога се врати со нови работи?!
– Да, но тогаш дон Фабијан му имаше дадено отсуство. Сега никој не знае каде е. Како да го проголтала земја. Стравувам дека му се случило нешто. Ќе го запалм кандилото во негово здравје.

Кога Алехандро се врати во својата соба, на креветот ја затекна Марија Клара. Го чекаше да се врати од селото.
– Од каде ти овде?
– Те чекав, – му одговори.
Тој седна до неа, ја бакна во чело а таа ја спушти својата глава на неговите гради.
– Ми недостасуваш, Алехандро. Живееме во иста куќа, а се однесуваме како странци. Чуствувам дека повеќе не си близок со мене.
– Имаш право…
– Зошто е така? Зарем сфати дека повеќе не ме сакаш?
– Те молам не зборувај така…
– Тогаш покажи ми. Направи да се чуствувам убаво како некогаш. Како оние денови кога се искрадував од дома и водевме љубов во колибата. Во последно време си далечен, студен, како да не си оној кој го запознав и го засакав.
– Марија Клара, ти си мажена.
– И што ако сум мажена? Тоа е само на хартија. Знаеш дека немам никаква интима со мојот сопруг.
– Таа хартија е договор. Тој договор означува брак, заедница помеѓу маж и жена.
– Мене ми е сеедно за таа заедница. Те љубам само тебе, – рече младата жена, барајки ги неговите усни.

Маргарита лежеше на голите гради на Фабијан, во шталата на имотот Ла Луна, рааскажувајки му за она што неодамна со неа го сподели Бенигно.
– Му кажала некоја медицинска сестра која работела во Црвениот крст каде што лежел Алехандро. Дошол Атртемио и се претставил како Фабијан Монтеро.
– Зошто се претставил во мое име?
– Очигледно за да ти наштети. Претходната вечер оние луѓе кои го барале Алехандро кажале дека ти ги праќаш. А тие очигледно сакле да го убијат.
– Ти благодарам, Маргарита. Ти благодарам што си искрена со мене, – рече тој, подавајки и ги усните. Но ниту еден од нив не ја забележа Алтаграсија како ги наѕиркува зад оградата.

Тоа претпладне, Марија Клара ја искористи посетата на Дијана и ја праша какви се последиците на силувана жена.
– Силувана личност значи личност принудена на секс против волја, насилно, – се обиде да објасни докторката на стручен начин. Марија Клара седеше мирно и слушаше.
– Не можам да речам дека Фабијан ме силувал, бидејки секогаш го правеше тоа со моја согласност. Иако никогаш не ми се допадна начинот на кој водевме љубов, верував дека така треба, се додека не го искусив истото со Алехандро. Тогаш сфатив дека може да биде убаво.
– Во секој случај, знам за ситуации кога Фабијан те принудувал на секс, а тоа е исто.
– И зошто ми рече дека како мала сум била силувана?
– Тетка ти веќе ти објасни дека Фабијан само сакал да те повреди.
– Ако е така, зошто така избувна Алехандро?
– Најверојатно сметал дека е навредливо тоа што така си поиграл со тебе и те прелажал, – објасни Дијана.
– Дали луѓето можат да имаат нормален живот откако биле силувани?
– Секако дека не. Траумата засекогаш ќе остане врежана во нивната меморија.
– Какви трауми?
– Одбивање на спротивниот пол, несигурност, страв…
– Никогаш не сум имала одбивање кон спротивниот пол, но секогаш сум била несигурна и плашлива.
– Понекогаш ние жените сметаме дека сме поплашливи одошто навистина сме. Ти си пример за тоа. Кога те запознав беше повлечена и се плашеше од сопствената сенка, сега си во состојба да го одбраниш тоа што го сакаш.

Алтаграсија задишено дотрча во кујната каде што Пас ја подготвуваше вечерата.
– Пас, не знаеш што видов предмалку во шталата, жено.
– За што зборуваш, Алтаграсија?
– Знаеш дека не сакам да озборувам, секако освен кога мора…Но, само што ја видов Маргарита со дон Фабијан, водеа љубов.
Пас ја стави раката преку својата уста за да не крикне од шокантната вест која ја прими.
– Кажи ми дека не измислуваш, Алтаграсија!
– Да не се помрднам одовде ако те лажам, Пас. На моето место да беше госпоѓица Клеменсија, повеќе немаше да бидеш во оваа кујна и да го слушаш ова.
– Прости ми, Алтаграсија, но не ти верувам. Мојата ќерка никогаш не би направила нешто такво.

Маргарита го облече фустанчето кое беше фрлено преку сеното, кога Фабијан и пријде зад грб и почна страсно да ја бакнува по вратот и рамениците.
– Повторно?, – го праша откако забележа дека ја заведува.
– Само уште еднаш, Маргарита.
– Не можам повеќе да се гледам со тебе само на отворени места, Фабијан.
– Ти ветувам дека следниот пат ќе изнајмам апартман во хотелот само за нас, принцезо. Ајде, не биди зла. Само еднаш, – додаде тој, повлекувајки ја преку своето тело.

Попладнето, додека шетаа низ плантажата, Дијана му го пренесе на Алехандро, разговорот кој го имаше со Марија Клара претходно.
– Се чуствувам како да ја лажам секој пат кога ја кријам вистината од неа. Марија Клара има право да знае дека бил злоупотребена како мала. Не знам зошто повторно се заташка тоа, откако Фабијан веќе и кажал?! Само ако ја знае вистината, може да се соочи со истата и да ја надмине траумата.
– Ако сметаш дека треба да знае, зошто не и направиш хипно анализа? Така може да се сети на тоа што и се случило, – предложи Алехандро.
– Ризично е кај бремените жени да бидат изложени на хипноза, – рече Дијана, па погледна на часовникот. – Време е да се вратам во хотелот. И ветив на Кати дека ќе може да ме поврзе со некој пациент по телефон во седум.

Кога Маргарита се врати на хациендата, влезе во кујната, каде што Пас ја финишираше вечерата.
– Ммм, мириса вкусно. Што зготвила мојата најубава мајка, денеска?, – праша Маргарита, видно расположена.
– Маргарита, Алтаграсија ми кажа дека те видела како имаш односи со дон Фабијан во шталата, попладнево.
Маргарита ја прегриза долната усна. Доби желба да ја зграпчи слугинката и да и ја наполни устата со сапун.
– Алтаграсија е озборувачка!
– Што треба да значи тоа? Дека е вистина?
– Секако дека не е. И наместо да ти ја полни главата таа трачарка, подобро мисли на вујче. Имаше право кога утрово рече дека е загрижувачки што го нема. Јас на твое место би го пријавила во полиција.
Маргарита правеше се само да ја промени темата на разговор.
– Не знам, Маргарита, сепак мислам дека скоро ќе се врати.
– Не верувам. Мислам дека му се случило нешто многу лошо. Нешто страшно.

Следното утро, Артемио појадуваше во својот апртман, кога Лусија му најави дека пристигнал Антонио Гранадос, човекот кој го чекаше на разговор.
– Пушти го да влезе, Лусија.
По неа во апартманот влезе крупен маж, со округла фаца, не постар од четириесет години, со истакната бркови над устата.
– Добро утро, господине Сантибањез.
– Како си, Гранадос?, – го поздрави Артемио откако и даде знак на Лусија дека не е пожелна.
– Седни. Ќе те одведам да го видиш човекот и автомобилот кој го вози.
– Разберете дека прво морам да го проучам местото, да го видам патот…
– Патот е оној кој води кон Мексико Сити. Обичен автопат како и сите други.
– Во ред.
– Кога можеш да го сториш тоа?
– Да речеме, задутре, – одговори Гранадос.
Артемио беше задоволен од одговорот.

Во меѓувреме, Лусија се најде на појадок со Кармен, соработничката на Рубен која беше дојдена во Сан Кристобал по конечниот одговор на Лусија.
– Не заборавај дека дон Рубен нема трпение, – ја потсети својата соговорничка.
– Знам, но те потсетсувам дека Артемио е доста дискретен кога се работи за личните нешта.
– Кажи ми, Лусија, дали Артемио редовно ти ги предава парите, а притоа не мислам на платата која ја заработуваш?
– Не разбирам…
– Кога почина татко ти, Артемио го презеде неговиот бизнис како што знаеш, но пред да почине, татко ти склучи договор со него. Договорот бараше десет проценти од заработувачката да ги добиваш ти.
Лусија ја изнанади ваквиот одговор. Со години работеше за Артемио и никогаш и немаше споменато за нешто такво. Се роди уште поголема омраза во неа.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!