Сто и седумнаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Кармен гледаше сито во својата соговорничка. Знаеше дека тоа беа зборовите кои ќе ја премислат Лусија, нештата кои ќе направат да му ги заврти грбот на Сантибањез.
– Артемио не ти кажал, претпоставувам?!
– Не…Кога останав без мојот татко, ми кажа дека секогаш можам да сметам на неговата подршка.
– Добро, тоа и е логично. Татко ти и Артемио освен партнери, беа и пријатели. Но, она што ти го дал Артемио е милостина, требало да добиеш многу повеќе, Лусија. Дон Рубен ќе се налути многу кога ќе дознае.
– Те молам не му кажувај, Кармен.
– Тоа не можам да ти го ветам.
– Тогаш кажи му дека сакам да зборувам со него. Закажи ми состанок, но додека не зборувам со него нека не му кажува ништо на Артемио.
Откако Дијана го остави клучот од својата соба на рецепција во хотелот, до неа пријде Висента.
– Докторке, сакав да зборувам со вас, ако имате време.
– Секако, Висента, да одиме на терасата. Кафе?
Откако келенерот ги послужи со бараното, Висента ја спушти својата шоља со еспресо и погледна во Дијана.
– Прво, сакав да зборувам со вас за мојата сестра, Ева. Потоа за Артемио. Навистина не можам да разберам од каде има заработено толку пари.
– Велите дека Матилде е назначена како негова половична наследничка?
– Артемио така и ветил.
– И вашата ќерка, може ли да го побара тестаментот, доња Висента?
– Милсам дека може. Ќе видам што можам да сторам за неа. Докторке, вистина ли е дека госпоѓа Марија Клара чека принова од господинот Молина?
– Не, детето е од нејзиниот сопруг. Кој ви кажа?
– Матилде, најверојатно и кажала Маргарита. Кога сме кај Алехандро Молина, јас ги познавав неговите родители.
– Навистина?, – изненадено праша Дијана. – Како? Од каде?
– На времето кога работев на хациендата, неговата мајка Рут беше вработена а татко му беше надзорник.
– Не ве разбирам, Висента. Сакате да кажете дека родителите на Алехандро работеле на хациендата Ла Луна?!
– Да, мислев дека знаете бидејки сте блиски со господинот Молина.
– Знаев дека Алехандро е останат сирак како мал, но не знев дека неговите родители живееле тука,- Дијана рече конфузно.
– Неговата мајка ми беше најдобра пријателка, бевме практично како сестри, нерезделни. Но, откако се случи тоа што се случи…
– Што се случило, Висента? Кажете ми.
– Ригоберто Валеснија, синот на дон Родолфо ја силуваше Рут, мајката на Алехандро. Кога Естебан, таткото на Алехандро дозна дека ја обесчестиле неговата сопруга, сакаше да го убие дон Ригоберто, но доживеа срцев удар и почина истиот ден.
– Страшно, – крикна Дијана.
– Алехандро беше само дете тогаш… Кога Рут се породи, го даде детето на господата…Не сакаше ни да го погледне тоа дете кое значеше грев на плодот.
– Што се случило со детето кое го родила Рур, Висента?
– Никогаш не дознавме, докторке. Претпоставувам дека дон Родолфо го дал на посвојување.
Артемио го посети Фабијан на хациендата, со цел неговите платеници да видат како изгледа. Додека Артемио и Фабијан разговараа на тремот, во црниот автомобил двајцата платеници будно го набљудуваа Фабијан.
– Кој се оние во автомобилот?, – Фабијан нервозно го праша Артемио.
– Мои вработени во кои имам целосна доверба, – одговори Артемио.
– И што бараат?
– Ги најмив да го убијат Молина. Не заборавај на договорот кој го имаме, – додаде Артемио и се врати во автомобилот. – Го виде?, – го праша човекот кој седеше на совозачката.
– Да.
– Може да биде во спортскиот автомобил или во комбито. Фабијан ги вози и двете.
Матилде и помагаше на својата мајка да ги испразни торбите со намирници од пазар, кога дојдоа до непријатна дискусија, откако Висента побара од својата ќерка да дојде до тестаментот на Артемио.
– Сакаш да го украдам тестаментот на мојот татко за да и го покажеш на таа жена, кој знае за што?!
– Разбери ме, Матилде…
– Не, разбери ме ти мене. Тој човек ми е татко, не е непознат. Немам намера да крадам од него за некоја си докторка да го искористи тоа во свои цели. Тој човек има доверба во мене и ме сака, каков и да е. Но очигледно е дека секој може да ти го заврте умот, прво Лоренсо сега докторката…
– Не знам зошто го мешаш гоосподин Лоренсо во ова.
– Те молам, мамо, не сум дете. Ако ти се сомневаш во мојот татко и јас имам право да се сомневам во тој господин. Прости ми но не верувам дека е поради љубов со тебе. Сигурна сум дека има задни намери, – додаде Матилде видно повредена и ја напушти кујната.
По разговорот кој го имаше со Висента, Дијана го посети Алехандро на хациендата.
– Според Висента, се работи за наследство од многу милиони. И реков да ја замоли Матилде да побара копија од тестаментот. Патем, кога мислеше да ми кажеш дека твоите родители работеле на овааа хациенда?!
Алехандро ја погледна збунето. Можеше да очекува дека Висента ќе и спомне.
– Те молам не ми суди,- и рече. – Имам голема причина поради која молчам.
– Знам, сега можам да речам дека уште повеќе ја разбирам твојата одмазда. Не си тука само да ја реваншираш смртта на Лорена, туку и на твојот татко.
– Дијана, за последен пат те замолувам да го напуштиш Сан Кристобал, – и рече со мирен тон. – Загрижен сум за тебе, не сакам да ти се случи нешто лошо.
– Доволно сум голема и можам да се грижам самата за себе.
– И Гаспар беше, па види што се случи?
– Мислиш дека е мртов?, – го праша загрижено.
– Најверојатно.
Кога Артемио се врати во хотелот, рецепционерот го извести дека во лобито го чека некоја девојка. Беше Матилде.
– Се случило нешто?, – ја праша откако и пријде.
– Збунета сум…Се расправав со мама…, – говореше со грутка во грлото.
– Зошто не останеш неколку дена со мене? Дојди. Во мојот апарман има доволно соби.
Вечераа во апарманот. Артемио порача собна улсуга и масата за миг беше полна со богато јадење, десерти и шампањ. Матилде му раскажа за врската на нејзината мајка со потстанарот.
– Мајка ти е слободна жена, нема ништо чудно што почнала да се гледа со некого.
– Не сум против тоа што има врска со некого…Напротив, бев пресреќна кога дознав. Мајка ми има право на среќа. Но, немам доверба во тој човек.
– И како се вика?
– Лоресно Сантиљан. Не верувам дека таков човек, боем, згоден, млад, би се заинтересирал за мојата мајка. Имам претчуство дека не е искрен.
– Сакаш да пратам луѓе да го следат? Велиш дека е професор. Можам лесно да откријам кој е. Го правам тоа за да бидеш мирна. Но, можеби навистина е чесен човек кој има добри намери кон Висента.
– Ви благодарам за прекрасната вечера и за понудата да останам тука, но не дојдов со таа намера. Само ми требаше некој за разговор.
– И мене ми е потребен некој за разговор. Затоа сум среќен што те пронајдов, ќерко. Во мојот живот имав многу пријатели кои биле тука за мене но секогаш сум знаел дека се држат за мене поради моите пари, не поради мојата личност. Знам дека со тебе е поинаку. Ти си моја крв. Те сакам, ќерко.
– Навистина го мислите тоа?
– Нема што да мислам, ти зборувам од срце, – одговори, земајки ја нејзината рака.
Користејки ја приликата на интимна вечера со неговата ќерка, Лусија ја пребара работната соба на Артемио, каде што го најде неговиот тестамент.
– Лажго!, – процеди низ заби, држејки ја хартијата в рака. – Половина од се и остава на неа, а другата половина…- Лусија широко ги отвори очите кога го прочита другото име. – Како е можно?!
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет