Почетна / Сапуници / „Мојот син“, нова трогателна драма на Сител телевизија ова лето

„Мојот син“, нова трогателна драма на Сител телевизија ова лето

 

Нова турска серија во 19.50 часот на Сител

 

Ова лето, Сител телевизија за своите гледачи започна со емитување на нова хит драма од земјата на Босфорот, драма за една вистинска татковска љубов, вплеткана во суровиот свет на алчноста.

 

 

“Мојот син” е приказна за која на моменти ќе плачете како што плачевте за “Бурни времиња”, на моменти ќе ве држи во неизвесност и исчекување како што тоа го правеше “Карадај”, со акцијата ќе ве врати во времето на “Езел” и “Специјалци”, а цело време ќе уживате во драмата која ќе ви ја приреди како што тоа го направи “Милост”. За само неколку епизоди, серијата ги освои македонските гледачи, а во продолжение прочитајте како започна приказната за полицаецот и неговиот син, и веќе од утре продолжете да ја следите секоја вечер.

 

 

“Мојот син” ја претставува приказната за Појраз, полициски офицер кој живее среќно со своето синче Синан. Додека се бори против шверцот, тој ќе се најде фатен во стапица и обвинет за криминал кој не го сторил. Осуден е на една година затвор, а за тоа време, приморан е да го даде старателството над детето на неговиот злобен очув. Тешко е времето кое полицаецот ќе го помине зад решетки, неговата единствена желба е да излезе и да биде повторно со детето кое му значи сe. Но доаѓа и денот кога ќе биде пуштен од затвор…

 

 

Дали за Појраз беа потешки деновите минати во затвор или овие сега, во кои нема право да го види синот доколку не биде вработен? На светот не постои ништо поболно од солзите на едно дете. Да се биде блиску до најсаканото нешто, да се биде заштитник на малото беспомошно чедо, и да се биде срце и надеж во очите на своето дете. Тој ќе стори повеќе од сѐ, ќе влезе во огнот, ќе влезе во пеколната игра на големиот ѓавол м ќе се распарчи на илјадници парчиња за едно дете да ја почувствува топлината на родителската рака.

 

 

Започнува да работи како таксист, и да го следи господинот Бахри, еден голем и моќен шеф на подземјето. Еден ден го спасува животот на Бахри во една крвна пресметка и на тој начин ја добива неговата доверба. Мафијата му нуди работа на Појраз, а всушност Појраз треба на тој начин да се инфилтрира таму и за секој чекор да ја информира полицијата. Па така, полицијата ќе му помогне да си го врати синот. Истовремено, Појраз ја запознава убавата и паметна докторка Ајшегул. Двајцата се вљубуваат еден во друг, не знаејќи дека Ајшегул е всушност ќерка на мафијашот за кого работи Појраз и кој всушност треба да го предаде на правдата.

 

 

Во оваа серија, ќе проследите љубовна сага за двајца млади, Појраз и Ајшегул, чии судбински нишки ќе бидат заплеткани од конците на мафијата. Дали нашиот херој ќе го добие старателството на детето? Дали нашата хероина ќе дознае дека нејзиниот избраник работи со татко и? Дали Појраз ќе ја уништи мафијата или ќе стане дел од неа?

Улоги : İlker Kaleli (Ахмет Појраз), Burçin Terzioğlu (Ајшегул), Musa Uzunlar (Бахри), Ataberk Mutlu (Синан) и др.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!