“Carolina moon” во 21 часот, “Fist of fury” во 23.30 часот – Сител
Вечерва на Сител телевизија, крај на викендот со филмска вечер која почнува од 21.10 часот. “Месечината на Каролина” е вториот во редот екранизирани новели на Нора Робертс, а првиот “Енџелс Фол” беше прикажан на Сител минатата недела.
Во овој трилер ја следиме приказната за младата Викторија, која поседува способности за предвидување и визии. По убиството на нејзиниот пријател, таа заминала од родното место, но сега… по многу години, се враќа таму за да ги отфрли демоните од минатото кои ја прогонуваат. Во потрага по правда, хероината ја наоѓа и љубовта која долго време се притајувала во нејзиното срце.
По последните вести, околу 23.30 часот, време за акција на Сител. “Тупаницата на гневот” (1972) e уште едно култно остварување на мајсторот на боречките вештини, Брус Ли кој во оваа сторија е во нова шангајска борба за одмазда и правда.
Дани | ТВ Пакет