Британскиот хит за дворецот Донтон започнува на Сител
Од понеделник до петок, Сител телевизија ќе ја емитува британската историска драма “Замокот на тајните” (Downtown abbey). Серијата е продуцирана од компанијата Carnival Films, снимена за телевизиската мрежа ITV network, а креирана од актерот и писател Julian Fellowes. Се работи за најуспешната британска костимирана драма во последните 30 години, која за првите две сезони доби дури 27 номинации на престижните награди ЕМИ. Од тие номинации, доби награда за најдобра мини серија, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра споредна актерка во мини серија. Насловната нумера “Did I make the most of loving you” ја компонираше Џон Лан.
Кратка содржина:
Дејствието е сместено во фиктивниот замок Downton Abbey, домот на војводата Грентам. Серијата го следи животот на аристократската фамилија Кралеј, како и на слугите кои работат за истите. Приказната започнува две години пред Првата светска војна, поточно оној ден кога ќе потоне бродот Титаник, настан кој ќе ја потресе фамилијата бидејки со потонувањето на бродот, потонува и лозата наследници на Downton Abbey.
Фамилијата Кралеј ја сочинуваат лордот Роберт Кралеј, неговата сопруга, американката Кора, неговата огорчена и принципиелна мајка Вајолет и постарата и преубава ќерка Мери.
Откако фамилијата ќе остане без наследник, лордот Роберт е приморан да го покани неговиот млад внук Метју Кралеј на престој во замокот, со цел да го спои со неговата најстара ќерка Мери. Меѓутоа, нештата нема да одат онакака како што сака лордот. Уште од првата средба, постои еден вид електрицитет меѓу Мери и Метју и никаква хемија меѓу двајцата, но поради семејните должности и двајцата се приморани на брак кој не го сакаат.
Улоги: Maggie Smith, Hugh Bonneville, Elizabeth McGovern, Penelope Wilton, Dan Stevens, Michelle Dockery и др.
Дани | ТВ Пакет