Андрес од “Право на љубов” остана неподвижен
Голема трагедија го снајде мексиканскиот актер Андрес Гарсија. Имено, Андрес остана парализиран во 95 проценти од телото. Оваа несреќа го снашло како последица на операцијата на кичмениот столб која ја имал пред две години. Од тогаш се’ било како што треба, но пред десетина дека се одлучил на адреналинска авантура, се качил во својата спортска кола, која е за планински предели и за места каде нема асфалтирани патишта.
Во старт не почувствувал силна болка, иако нешто го стегнало во грбот. Три дена потоа се движел најнормално, по што започнале да се појавуваат чудни стегања во ‘рбетниот столб. Ситуацијата се влошувала до степен кога не можел повеќе да се движи. Докторите потврдиле дека ќе остане инвалид.
– Oва е ужасно, не го чувствувам телото, нозете ми се 100 процентно парализирани. Страшно е, не можам ни до тоалет да отидам – кажува ѕвездата од мексиканските филмови, теленовели и театарски претстави.
Актерот за македонската публика е инаку познат од најпопуларната мексиканска теленовела во Македонија – “Право на љубов”. Таму го толкуваше ликот на Андрес, мажот на дизајнерката Лусијана Дувал и татко на Виктор Мануел и Лизбет. Во новелата, неговата ќерка Лизбет остана парализирана, а во реалниот случај таа ситуација му се повторува нему.
Она што е уште полошо е што само еден од неговите синови е сега покрај него и му помага, додека другиот дел од семејството го напуштиле.
Дани | ТВ Пакет