Почетна / Сапуници / Појраз разочаран – тимот на серијата го одбегна за играното продолжение

Појраз разочаран – тимот на серијата го одбегна за играното продолжение

 

Продуцентите ги бојкотираа, Појраз и Ајшеѓул не се дел од филмот за „Мојот син“ 

 

Поради успехот што го доживеа турската мафијашка драма “Мојот син”, продуцентите решија оваа сезона да снимат игран филм како продолжение на серијата.

 

 

Она што ги зачуди гледачите и фановите на серијата е што во играното продолжение ги нема главните актери, Илкер Калели алијас Појраз и Бурџин Терзиоглу алијас Ајшеѓул. На една прес конференција во турски универзитет, Појраз објасни за неговото отсуство од филмот :

Не ни знаевме дека се планира да се снима таков филм. Никој не ни кажа, никој не нѐ праша што размислуваме околу тоа. Јас и Бурџун, односно Ајшеѓул, имавме недоразбирања со целиот тим уште за време на снимањата на серијата “Мојот син”. Многу лоши работи ни беа кажувани уште тогаш, но никогаш не излеговме во јавност да објавиме или набедиме некого, само поради фактот што бевме дел од таа серија и сакавме да ги испочитуваме гледачите.

 


 

Не сакавме гледачите и фановите да се заморуваат со проблемите кои ги имаме со продуцентите. Затоа и молчевме, ја почитувавме професионалноста, принципите на работата. Но, за едни такви луѓе кои не гледаат друго освен пари, не знам што би кажал. Со едно вакво непочитување кон нас, ми се урнува целата слика за мојот лик Појраз. Вложив премногу во тој херој, но продуцентите успеаа да го убијат тоа во мене – објаснува актерот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!