“Вкусот на текстилот”, 7 февруари, 20 часот, Паблик рум
Една група на многу млади и смели ентузијасти предводени од искусни дизајнери и менаџери формираат 10 нови македонски бренда ги претставуваат пред пошироката јавност. Станува збор за за иновативни производи каде носечки материјал е текстилот, и кои имаат две или повеќе функции. Сите производи се со огромен пазарeн потенцијал, што ветува некаква иднина во поглед на опстанок на младите брендови и нивен понатамошен развој.
Изложбата е резултат на пет-дневна работилница за време на Неделата на дизајн во Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото. Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, Дизајн центарот “Јавна соба” и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје.
Изложуваат студентите од Институтот за дизајн и инжeнеринг на облека на Технолошко-металуршки Факултет во Скопје: Деспина Ангелеска, Тамара Ивковиќ, Марјан Бебекоски, Ангела Доневска, Софија Грозданова, Христина Христова, Медаин Аслан, Ева Кравченко, Даниела Ѓуровска Валмира Бучи, Мимоза Исмајли. Ментори се Тамара Георгиевска, Ива Jанковиќ, Александар Велиновски.
Дани | ТВ Пакет